Препорака за пудра течна да биде со средна покривност за сува кожа освен хелти микс.. ја имам сега неа ама не сум баш задоволна
Чекам да ја дотрошам на попуст ја земав 600 и нешто ама не би ја купила пак. За мрсна кожа не.Се губи некако на краевите од лицето и по некој саат остануваат бар кај мене како трагови од пудра.
И јас истово го искалкулирав. Баш ме интересира кои нијанси ги ставиле на акција, некогаш знаат да ги напикаат најтемните, или некои без врска. Ќе провериме.
Една од најдобрите пудри, но кожата ми се презасити после години користење без паузи. Предлог хај енд пудра за мрсна кожа?
Јас од кои сум останала задоволна Kat Von d lock it foundation Lancome teint idole ultra wear Првата ја купувам од Сефора и е многу добра за масна кожа. Втората исто така е одлична , нешто по-лесна и можеш да ја најдеш во Македонија
Мене не ми одговара пудрава па ќе ја прескокнам акцијава, ама кажувајте ако стават некоја од Ланком, нивните пудри ми се поубави.
Сакам да ја земам fresh and fit пудрата на Essence за секојдневно користење. Ама не знам која нијанса би одговарала на Bourjois healthy mix 52 и Revlon 150. Некако чудни ми се нијансите. Има некој што користи да ме упати?
Јас само да ви ја пофалам пудрава. Добра покривност, пријатно лега и долго стои на лицето, не избледува. Полн погодок за мојава сува и проблематична кожа. 650 денари на попуст од 900 во Еликсир во ГТЦ.
20ката одговара на 52 од Хелти микс, а ревлонот 150 барем мене ми беше посветла од оваа. Само да знаеш дека Essence оксидира Спојлер: споредба Лево е Essence, десно Healthy mix Не знам, ја немам користено Во Космо, 15 мл е пакувањето.
Ако ја ѕирнал некој акцијата на Estèe Lauder, ако може да сподели дали се сите нијанси на попуст (или ако не, кои точно се), и доколку знаете од прилика која нијанса одговара со Bourjois healthy mix 52?
Девојки дали сте ја користеле пудрава, читав на нет рецензии на српски предобра е и дали ја има кај нас ако знае некој со ја користи??