Ова е поновата амбалажа која сега ја имаат на штандовите на Алверде А може и вака да го најдеш кај што имаат обично на попуст производи тргнати на страна. Ова им е постарата амбалажа.
Го видов веќе, но дали има ефект дали ја осветлува пудрата да не фрлам за џабе пари. Го пробав на рака и беше леплив.
Имав пишувано за осветлувачов, да, осветлува, само треба си го погодиш соодносот. Мешај на рака или на палета, малку по малку. Јас од новава верзија не сум многу задоволна, по ладен подтон има, и потечен е. Стариот во тубичката повеќе ми одговараше, по жолтеникав и погуст, презадоволна бев.
Некако мене не ми се допаѓа баш ко да си ги фрлив џабњ парите ама не жалам што знам, ништо посебно, и да многу е воден
Девојки ајде хелп.Ми се појавија труднички флеки и Double wear не ги покрива веќе Ревлонот беше попокривна нели од Este?
@buba4e89 јас го користев осветлувачот на Алверде овој поточно, се става малку една капка колку да ја осветли пудрата. Јас лани летото го купив и беше на друг штанд - не кај производите на Алверде и го земав за околу 90 и нешто денари. На нивно место ги донесоа тие другите осветлувачи погоре - ама тие ги немам пробано. Овој со сигурност беше по-густ , дури и како коректор под очи можеше да се користи Не знам дали може се уште да се најде низ ДМ
Пудрава малку е тешка за на лице (бар за моето) и има тешка портокалова боја. Меѓутоа на другарка и се погоди ептен а има комбинирана кожа. Девојки дали некој ја користел пудрава, за каква кожа е и каква покривна моќ има?
За комбинирана кожа е , за мрсна обавезно мора да се сетира лицето со пудра камена или во прав инаку ќе светнеш брзо. А инаку покривноста е средна
Ќе може ли да ми предложите добро покривна, органска пудра за комбинирана и чувствителна кожа? Ќе ја тагнам и @Biodevojka ако може и таа да помогне
Ова е една од најпокривните органски пудри кои ги имам пробано. За мене е една од најдобрите. Резултатот може да го видиш во видеото.
Кажав за хелти микс дека има средна покривност, ама денес го надминав рекордот на носење пудри воопшто, солидни 9 часа издржа и дури сега кога ја бришев предобра беше, лицето ми беше совршено, ниедна маана не можев да најдам, ниту можам да кажам дека се познаваше мрсотија негде, а не беше ниту матирана. Одоздола имав алверде прајмер и гарниер ботаникал, така да...може да и до тоа. Како и да е, ја засакав ептен премногу.
Little.doll пудрава што Биодевојка ти ја предложи не е воопшто тешка , јас ја немам купувано но знам каква структура е. Друга исто на Алверде можеш оваа да ја пробаш. Јас цело лето ја користев и со крема соодветна за твојот тип кожа ми беше супер. И оваа не е тешка. Само обавезно да си пробаш , зошто има разлика помеѓу нијансите , минералнава е со по розеви нијанси додека таа што ја постира Биодевојка нијансите се беж по неутрални
Јас порано ја користев хелти микс и бев презадоволна, а овој пат сум разочарана и во потрага сум по нова пудра Кога треба да барам пудра, косата ми побелува. Може ли некој да ми предложи пудра за сува кожа, со средна до висока покривност. Фала ептен.