Мене ми одговориле дека ја има во Џамбо. Инаку кога и да им имам пишано на инстаграм, па дури и за конкретна нијанса на пудра, ми имаат одговорено во кои филијали ја има на залиха.
Девојкиииии пудра за масна кожа, ама да не дава cakey изглед? Катрис хд некако ми дава во последно време баш тaков изглед.У план сум Ревлон да ја земам.
Да ја земеш Ревлон. Јас ставам еден тенок слој и кога ќе легне нема потреба дури ни од сетирање (кожата во моментот ми е масна само кај носот). Закон пудра за мојата кожа.
Епа ќе чекам да кажеш дали се погодила или не. Се надевам ќе ти биде супер. Мислам дека во моментов најевтина е во Космо. Со поени, околу 500 и нешто денари испаѓа. За тие пари е навистина повеќе од супер. Гледај само да ја земеш таа за комбинирана и масна кожа и мислам дека би требало да биде во ред.
Конечно ја пробав ( со години те прашував за Ревлонот) и дефинитивно е предобра. Буквално цел ден ми стои на лице совршено. Вчера ја имав 13 часа и немаше мрднато. Единствен недостаток што нијансата не ми се погоди баш. Имам малку поизразен жолт тен на раце и тело и секогаш гледам да го изедначам лицето со нив, а 180-ка ми оди на сивкасто...
За жал пак во Зегин испаѓа најевтина вака без акции. Со акцииве враќа од ред некако, ама не вреди за над 900 денари како што ја лупнаа кога испадна новата верзија со пумпица пред некоја година, тоа веќе е претеризам. А за самата пудра немам збор, мене ми е подобра од сите кои сум ги имала - и МАС и ЕЛ и Ланком...едноставно ми се погоди формулата и ретко добивам желба да сменам. Дури и кога менувам, пак си се враќам на неа и сфаќам колку само ми фалело да си го видам тенот толку совршен со буквално трошка пудра. Инаку не користам прајмер, само крема и пудрата. Ќе те тагнам утре во темата за прајмери ќе ти кажам кои ми оделе добро со неа, да не се расплинуваме тука за тоа. @Avery баш ми е мило што ти се допаднала пудрата, се надевам дека ќе си најдеш и нијанса по вкус. Помешај ја со тонер ако ептен не ти се допаѓа. Нема да се расипе формулата, имам пробано во лето кога ми требаше потемна нијанса.
Не познавам некој со тој тип на кожа што ја користел верзијата за сува кожа. Во смисол, за да споделам каква била. Вака некој мој впечаток е дека е полесна формулата, а дали е доволно хидратантна не сум сигурна. Ама пробај, па види дали ќе ти се допадне. Се надевам ќе ја биде.
И јас се надевам исто, за конечно да се израдувам дека сум си нашла добра пудра. Секако ако имаш некоја и др. препорака за пудра, секој совет е добро намерно прифатен.
Први ми паѓаат на памет од Боржуа - City Radiance и Healthy Mix. Исто можеби oд Max Factor Radiant Lift, или True Match од Лореал.
Девојки вие што имате Mac и Голден Роуз HD, ако ви е Mac темна измешајте ја со голден роуз HD. Мене mac ми е малку темна и ја измешав со оваа од голден роуз посветла нијанса. Очекував помала трајност,но напротив после 6 часа забележав дека не ми мрднала од лице, не забележав мрснотија. Може некому ќе му користи ова инфо.
За каква кожа е оваа од гр хд? Се мислев да се подновам со нова пудра за преку ден, а имам комбинирано накај мрсно лице па би сакала да е мат. Може два три збора за пудрата?
Комбинирана. Мене ми е второ пакување од пудрава и сум задоволна. Убаво легнува, лесна и за секој ден тамн. Што е до мене, задоволна сум. Го чекам попустот да си земам уште една и коректорот исто така.
Дојдов да ја пофалам пудрата на Essence Fresh & Fit. Мене ми е многу слична како Healthy mix-от, по составот и финишот кој го има на лицето. Ја земав од ДМ 340 денари нијанса 30, имаше само 3 нијанси таа беше најтемна но воопшто не е темна, иста е како Healthy mix 53. Ептен е лесна, убаво се стопува со кожата, има dewy финиш ама не онаков мрсен, туку баш здрав сјај. Јас имам поприлично флеки од акни и хиперпигментација за покривање и успешно ми покри се иако е ептен лесна. Не ги истакнува порите и не се собира во фините линии што е уште еден плус. Наменета е за нормална накај сува кожа.За таа цена сум презадоволна, сум ги пробала скоро сите пудри од оваа марка и нити една не ме разочарала, супер се!