Види по оние страни за одредување на нијанса според некоја предходна пудра што ти се погодила.Јас ја купував порано 180ката и бев убедена дека е совршена,и некни гледав некој туторијал за одредување на под тон на кожа и испадна дека 220ка е за мене.Ја купив и топ е,не двои ама ич од вратот.
Донеле од MUR Пудрите и коректорите , обавееезно купувам. А ги пробал некој? Јас по нет што чутнав и тоа е тоа
Мислам пудрите ги нема уште, јас и во Косово ги барав а овој коректор го имам и многу е покривен ептен.. уствари како стик пудра му доаѓа ама јас како коректор го користам .
За Косово не знам, но кај нас во Golden Rose продавниците се донесени и течната пудра и коректорот од линијата conceal & define Па оди и пробај си сама, не се ослонувај на туѓо искуство Мене лично ми се погодија и нијанси и формула ептен, убаво легнуваат на кожа и се доста покривни, ама ти мораш да си пробаш како ќе се покажат на твојата кожа ако сакаш да купиш.
Женски предлог за лесна пудра за денска употреба до кај 300-350? Имам комбинирано накај мрсно лице, исто така имам доста светол тен. Може и да матира, не е проблем.
Мене лично longstay matte ми е најдобра. Единствено не сум ја пробала таа HD, па не можам да коментирам за неа.
Мене на L'oreal Infallible Fresh Wear 24HR, пудрата ептен ми се погоди, а имам нормално накај суво лице. Со прајмер, одлична. Second skin ефект добив некако и се заљубив во пудрата.
Нијасната со број 300 Ivory ја користам. Ама имам премногу светол тен, па ми е оваа ептен погодена. Инаку не оксидира, барем не оксидираше кај мене. Ама морам да спомнам дека ја користев на зима каде што времето е поладно. Имам Ингирд идеал мат но во тубичка црна што моментално ја користам, не знам дали е иста формула, но таа после 5 часа носење оксидира.