Да, толку е, јас 340 од рамстор ја зимав, ја користев и јас, ама ми се презасити лицето(инаку многу е убава,покрива се). На кетрин арли дали ја има некоја користена пудрата и како е задоволна ?
Одамна пишав за совет, ама и да ви кажам тука што направив. Си ја купив Спојлер и сум премногу задоволна. Лицето ми беше мазно, мазно, како бебешко газе. Чиниш секој момент сакав да прднам со устата за да доловам колку ми е мазно лицето.
еееј одамна ја шмекам пудрава ај те молам кажи ми дали ќе одговара на мојата комбинирана кон сува кожа... и колку пари ја зеде и од каде?
Пудрава е некаде околу 700 денари и премногу е тешка, кога ја пробував ми ги покри вените на раката, тие на горната страна, што се многу повидливи. Сега, не знам што сакаш, зависи. Мислам дека ќе ти одговара на кожата, зошто да не. Ако ја земеш, пиши дали си задоволна затоа што мене продавачката ме одврати од купување, била премногу густа.
Уф, ја земав оваа на Дебора, цената е 650 ден. ајде викам да се почастам. Мојата кожа е комбинирана, забегува накај мрсна во ПМС периодот, ама нема нешто премногу за покривање. Оваа пудра лично мене не ми се допаѓа, сува е, лицето го чувствувам затворено во порите, т.е. не го хидрира, и на некои делови почна да ми се лупи. Не покрива нешто посебно, а инаку мат е, затоа ја пофалувам, нема воопшто сјај на лицето. Во секој случај, не ми се допаѓа. Потрагата по убава пудра продолжува.
трендафилка јас пак имам само пофалби за оваа пудра веке незнам колку време ја користам и потполно и одговара на мојата комбинирана кожа заедно со камената пудра од дебора сон е лицето е сега малку е тешка за преку ден јас повеке навечер ја користам а за дента зедов мејбилајн минералната сега засега е ок
убави за сува кожа ти се пудрите од боржоус едната мислам на база на овошје беше по имиња не ги знам ама во парфимерија ке ти кажат цената им е околу 800 ден ама многу се добри баш за сува кожа и од мејбилајн дреам сатен околу 500 ден е
Јас прееска ја купив ми ја препорача девојката од парфимеријата и ја пробав на лице мн мазно ми го направи. Инаку е 500 денари
Редовно ја користам 3 години и многу сум задоволна. Лесна е, пудра за секој ден + има uv филтер и за цената (140-160) е совршена.
Сестра ми купила на Макс Фактор, ја пробав ама не сум баш задоволна. И кај мене потрагата по пудра што ќе ми одговара продолжува. Веќе подолго време се готвам да ја купам Севентин, ама би сакала да ми препорачате камена пудра што ќе ми одговара да ја нанесувам паралелно со оваа. Имаат ли Севентин камени пудри, или уште подобро минерални Ако не, препорачајте ми добра камена пудра, за мојава комбинирана кожа, вака повеќе не бидува.
Јас имам мрсна кожа и ја користам менхетн пудрата за комбинирана кожа и задоволна сум, покривна е и бидејќи е мат нема воопшто сјај на лицето а и цената и е прифатлива околу 400-500 ден а од минералните пудри добра е на артдеко, воопшто не ги затвара порите.
Јас оваа пудра ја купив пред некој ден.Ја препорачувам за сите со комбинирана и мрсна кожа а на кои не им треба многу покривна пудра.Лесна е и супер е за лето.Цена 480 ден
Иначе јас сум разочарана. Нели бев во потрага по пудра за да ја сменам Мејбилајнот после подолго користење и тука неколку месечни потраги и неуспеси исполнети со недоволна хидратација и лишаи. И нормално си се вратив потоа на старата љубов Мaybelline dream satin liquid. Одма видов дека е сменета опаковката, ама очигледно и формулата. Лани летото јас поминував со пудрава и само на +40 се запотував и светев. Сега многу повеќе светам и ми изгледа како мрсна да ми е кожата. Ја носам кратко време и оп се разлева. Мамицата нивна. Ова ќе е последно купено пакување на пудрава. И сеа пак ќе треба да барам нова. У ПМ!
Девојки дај препорачајте ми пудра шо покрива али ств да покривааа.. да не е тешка и да е за посува коша.. Да е до 500 ден ..