Ја имам користено јас. Имам масна кожа , и ми беше добра секако морав да ја сетирам со камена пудра или пудра во прав. Е сега не е воопшто покривна и ќе ти се допадне ако немаш недостатоци на лицето. Ја имав најсветлата нијанса ама не ми се допадна воопшто , јас имам неутрален тен , а нијансите на пудрава се темни и розеви..
Ти благодарам на брзиот одговор. Значи голема е веројатноста и мене да не ми се погоди пудрава, јас користам 52 од Боржуа Хелти Микс и ми е погодена буквално како втора кожа. Идејата беше да сменам демек нешто полесно и природно, ама ако е така со нијансите тешка работа. Искрено не ни загледав во нијансите зашто секако утре треба пак да одам да си земам крема за лице. Да не имаш некој предлог за пудра или да си останам сепак на хелти микс.
Ти каков тип на кожа имаш ? Сува? Зошто гледам ја користиш ХМ до која цена сакаш и дали мора да е природна? Повеќето природни што ги имам пробано се такви нијансите , темни , сиви/розевкасти..
Па нормална, сува на моменти ми е кожава. НЕмам некои неправилности, којзнае што да покријам, повеќе ми е за изедначување на тенот и некое мало црвенило знае да ми се јави на образите. Неутрален тен имам и јас, а пудрата не мора да е природна, гледам барем препаративата да е природна, а декоративата баш од причина што тешко се погодува, не сум користела природна до сега. Цена до кај 600-700.
Можеш да ја пробаш и на max factor lasting performance пудрата, доста лесна пудра, не остава никакви траги стварно е супер, долготрајна е, и цената е тука мислам дека околу 700 и нешто али стварно вреди.. долго време ја користев али ја сменав бидејќи не ми е доволно покривна. Има средна покривност што значи океј е али јас сакам повеќе покривни. Не дека имам некои недостатоци али ете хаха
ми дадоа на подарок течна пудра од авон, LUXE , во стаклено шишенце. чини ли? многу пазам што ставам на лице,доста осетливо ми е, ако е неквалитетна сигурно ќе се вцрвам.
Препорака за течна пудра до 2000-2500 ден, со која што и после 8-9 саати нема да бидам како торта у фацата? Барем додека сум на работа на оваа жештина да ми издржува 8 часа.За екстремно мрсна кожа .
Една од овие две втората е водоотпорна + по покривна. Нај убаво е да си пробаш во MAC и да си одлучиш која да земеш. Цените се околу 2400 денари
Супер ако првата е полесна уште подобро. Мада по мое ја мислам ако е полесна побрзо ке светнам.Фала ти премногу. Да дојдам до ќеш ке пробам.
Прочитав дека сега има производи на Катрис во Космо, па ме интересира дали од HD пудрата имаат и други нијанси или само истите 4 кои ги имаше и во ДМ?