Исклучително покривна. Незнам дали постои попокривна. Ама, лош состав има... Јас долго ја користев и бев презадоволна. Тоа беше кога не обрнува внимание на состојките. Сега не би ја користела ни под разно, само за свадби на пример би можела. За мојата свадба шминкерката ме нашминка со неа. Не мрдна.
Ја има ли во Шатци или Елксир таа на Менхетн? Во ДМ знам дека не носат, а Космо ми е далеку. И цена отприлика ако знаете.
Искрено јас ја видов во rewe Германија маркетот и мислам дека беше околу 5.49€ ама не сум сигурна за цената, знам дека ми ја фалеа едно време па да видам повеќе искуства, барам многу покривна пудра. И за оваа ако може збор два
Која цена е пудрава во продавниците на гр? И дали е доста покривна? Ја користам Боржуа хелти микс, али сакам да сменам бидејќи морам да ставам два слоја, па брзо ми се троши, а не е баш ефтина.
Мислам дека конечно ја најдов идеалната пудра за мене. Римел ластинг финиш 103, стаклено шишенце со црвено капаче. И благодарам на девојката во Космо што ми ја препорача откако ми го виде лицето. Имам светол тен, а доста сува кожа и на Т-зона малку мрсна. Пудрата е густа, текстура како крем има и убав мирис. Но, најважно ми е што не удира ниту на жолто ниту на розево, туку има баш крем боја. Покривноста е средна, се фиксира убаво. За девојки со сува кожа топло ја препорачувам. Од Мејбилајн Афинитон 16, што ја утепав од користење , оваа ми е е доста подобра