Sephora или cultbeauty јас ја имам само на тестер еднаш пробано дека ми беше страв акни да не ми направи ама сестами ја користеше и ок и беше. Исто и Marc Jacobs е лудило покривна и многу убаво стои.
Искуство со оваа пудра? Гледам српски јутуберки ја фалат доста. И ако знаете каде имаат штанд, бидејќи во Капитол веќе нема
Ова е мојата омилена пудра, ја има на штанд во Џамбо меѓу ескалатори и во сити мол, некаде околу котон мислам. 400 денари и е цената.
Ова е одлична пудра. Јас ја купив од City mall на еден од штандовите на приземје. 300 денари. Средна покривност (за мене доволна, а имам лице со доволно недостатоци), не е тешка, немаш чувство дека пудра имаш ставено. Не ставам прајмер под неа. Хидратантна е, многу е пријатно чувството додека нанесуваш, неутрален мирис. Многу малце оксидира, долго трае, не остава траги по облека или телефон.
Да ја пофалам пудрата Top Face instyle. Мислам дека конечно ја најдов совршената пудра за мојата кожа, комбинирана, мрсна Т-зона. Лесна е, има природен финиш, ниту мат ниту сјаен. Убаво покрива, би рекла средна покривност, иако немам многу за покривање, само црвенило. Нијансата ми е најпогодена од сите пудри што сум ги пробала. Не мрда од лицето, не се пресликува. Ја носев цел ден и по неколку часа само светнав на носот, но не страшно. И многу ми е важно што не ми се собира во линиите до устата. Ја пробав и сетирана со камена, и без, не мрда. Случајно ја видов и ја купив, околу 320 денари, и испадна дека си ја најдов совршената пудра
Девојки кажете ми каде да ја најдам пудрата ко крема е од нивеа, пред некој ден видов реклама имаат сега интаква козметика, не е бб крема туку нешто мицеларна пудра па да ја пробам зашто нивеа производи доста користам. Користев макс фактор како крема што е, но цената отиде до плафон 940 ден иако е стара пудра, не е новитет држи цена, а се наоѓаше и за поефтино.
Пудрава ја начекав на попуст и ја зедов да ја пробам зошто никогаш не бев пробала некој производ на Макс Фактор. И дефинитивно никогаш повеќе нема да ја сменам. Имам комбинирана/мрсна кожа и пудрава ми стои баш како што сакам. Покривна е, не е cakey и мислам дека и без прајмер ми ги загладува порите (не дека имам нешто проширени пори ама имам). Има неутрален подтон и после долго трагање по совршената пудра, најдов нијанса која ми одговара совршено, 75ка (golden sand мислам беше и мислам дека е и најтемната нијанса таа, останатите се прилично светли). Денес ја носев од 8 часот утрово и дури сега ја избришав и баш гледав, лицето ми беше како сега да сум ја нанесла. Во текот на денот само еднаш натапкав со хартија на челото и околу носот зошто малку бев светната и заматирав со камената пудра на Римел и тоа беше тоа. И мислам дека да не е олку жешко ни тоа нема да ми биде потребно. 10/10
Да се поправам, после овој коментар престанав да ја нанесувам со сунѓерче туку со прсти и почнав да ставам прајмер од Голден роуз и разликата е толку огромна шо не ми се веруваше дека е истата пудра. Го изедначува тенот и многу убаво лежи на кожата, не е многу покривна но е надоградлива, и со камена пудра на носот и челото ми стои до 4,5 часа на ова жешко. Баш пред недела време пак ја земав.
Препорачајте ми пудра за кожа којашто е склона на акни и црвенило после нанесување на пудра.Ја користам на Revlon, што мислите за нејзиниот состав? Иако се трудам што е можно повеќе да ја избегнувам пудрата сепак си треба. Ја користам приликава да ја прашам и @Biodevojka за мислење.Ја гледав пудрата-коректор на alverde но нигде нема нијанса што мене ми одговара,ја имаат само 05.
Драга за нијансите не би знаела да ти кажам сепак персоналот од дм ќе ти каже. Што се однесува до пудрите одбери некоја на алверде која е твоја нијанса. Не знам точно во моментов кои пудри ги има меѓутоа еве сликај нешто од алверде што ти се допаѓа па врз база на декларацијата може горе долу да ти кажам иако не може да гарантирам како твојата кожа ќе реагира на истата. Поздрав.