Вака на Cos Dna претежно зелено е, само една црвена ознака за парабен. Уф, ме збунивте сега. А чии пудри имаат убав состав?
Bourjois - Healthy Mix ама не е за мрсно лице, Wet And Wild - Photo Focus или за мрсна најдобра ти е L'oreal - Infallible ама во тубиче, не во стаклено шишенце. Јас сакав да ја земам таа иако сум со комбинирано лице, само не знам нијансите, темни ми беа тие што ги пробав. Мат е, затоа мислам дека добро би одговарала на мрсна можа, а е околу 750 денари. На попуст се наоѓа и околу 400-450.
Користев Seventeen 02 и Bourjois Healthy mix vanilla досега и сум задоволна од тоа како стојат на лице ама после 3-4 часа ми светнува лицето а сакам да ми биде мат цело време. Прилично сум бела и имам сува накај комбинирана кожа па ако може да ми препорачате пудра и нијанса?
Пудриве поготово оваа на Буржуа не е за комбинирана кожа , ако сакаш исто на Буржуа земи ја 123 перфект, ќе бидеш задоволна
Мене ми помага MAC prolongwear да не светам како со другите пудри. Се преродив со оваа пудра а што се не имам пробано. Е сега си е поскапа. Или пробај ја L`oreal во црна туба ама нијансите се малку чудни, зависи како ќе си погодиш.
Dermacol Acnecover, нема парабени, нема силикони, содржи масло од чајно дрво кое наводно делува антисептички на кожата. И јас ја земав поради проблеми со лицето, претходно долго време користев на Seventeen на база на силикон, па решив да пробам со нешто по природно, барем да одмори малку кожата. Не ми прави апсолутно никаков проблем, дури ми ги смирува црвенилото и акните. Има блага покривност, тоа е тој минус кај поприродните пудри и дава малку светкав изглед на кожата, па јас ја сетирам со камена пудра без силикони од Алверде. Делува многу природно на кожата,со оглед на тоа што имам и широки пори на некои делови од лицето, кои знаат да изгледаат лошо со некои други пудри, со оваа воопшто не се ни приметува дека сум ставила нешто. Јас, можеби 5 6 години. Доста е кремаста, густа по структура, добро покрива, но барем мене ми светнува по неколку часа во Т зоната.
850 денари е. Има овластени дистрибутери низ Македонија кои можеш да ги најдеш на официјалната страна на Дермакол на фб или на нивниот сајт. Најчесто аптеки, козметички салони. Еве ги нијансите.