Во Дм во Веро Џамбо. Во Еликсир веќе не носат Катрис изгледа, во Капитол и Веро делот е заменет со Римел.
Здраво Не знам дали е за овде прашањето. Не најдов тема општи прашања за лице.. затоа овде пишувам Кога ставам пудра ми се лупи кожата на и околу носот. А и онака е и без пудра може да не е толку приметно. Решение? Некој што се соочил со такво нешто?
подлога или крема за лице, види го и видот на пудрата, изгледа не ѕи одговара на типот на кожата. ми се случувало и мрне на периоди, ставам на деловите кај што се суши, одвечер подебел слој крема или невен и се регулира
Мораш претходно да ставиш добар хидратантен крем да постои и да се впие во лицето. Јас го имам истиот проблем околу носот и на т-зоната. Шминкерка жи препорача и 2-3 пати неделно да правам пилинг на чице за да немам проблеми со пудрите, и обавезно кога планирам по "свечено" да се нашминкам одвечер правам пилинг. Земав еден обичен, од Орифлејм.
Мене ми се случува тоа во зима и секогаш ставам навечер повеќе крема на носот и околу. Исто и пред да ставам пудра, неколку минути претходно ставам повеќе крема на тој дел.
Во Мк околу 2400 мислам Јас Клиник пудри во Сефора купувам со поголем попуст може и за 18-20 евра да се најдат
Што е финтава со пудрата на Bourjois во Анабела е секогаш 500, во ДМ редовна цена околу 800,на попуст беше 650? И на двете пишува потекло Франција
ДМ секогаш е најскап во однос на останатите дрогерии, освен Балеа, Алверде и останатите нивни бреднови, сè друго е поскапо секогаш.
Што мислите за пудрата на catrice HD ? Дали вие што ја користите ви создава црвенило,бубулици или акни?
Мене ми е омилена пудра во однос на тоа како изгледа, но сега сфатив дека ми создава акни. Потоа ги испитав состојките и видов дека уште на првите места има состојки кои ги затвараат порите или ја иритираат кожата. А штета, никако не можам да и најдам добра замена.