Има 2 прајмера, матирачки и хидрирачки, ама јас најчесто никаков прајмер не користам. Ако апла ми е мрсен носот, знам да ставам на него и околу него, ама ретко. Затоа не ми се даваа 30+ евра за прајмер Инаку таа во тубата ја земав, мат пудра лошо стои на ова суво лице
@CameliaMiller чекам рецензија и за хидратантната пудра на Фенти @koritsaki камената ја мислев и јас да ја видам нареден пат кога ќе одам во Сефора. Кажи ми, безбојна е или има пигмент? Претпоставувам за онаа blotting збориш. Јас за т-зона би ја користела, не за цело лице, но не сакам да има покривност. Следно одење да си ја земам ако викаш дека е добра. И многу добри рецензии има
Дали имате заприметено да имаат донесено од посветлите нијанси на Катрис ХД, посветли од 010 нијансата веќе што ја има кај нас?
Дали знаете каде е Ревлонот на попуст, во Зегин беше 790 последно кога прашав а во Космо прашав во неделата не е на попуст.
Мислам дека во Космо беше доста намалена, ама заврши попустот па останува Зегин како најевтина опција.
Која е разликата дали на лице ќе ставам пудра или ББ крема, голема ? Или џабе си се лажам дека со ББ помало зло правам ?
ББ кремата е помалку покривна и мислам дека се користи за изедначување на тен. Иначе реално ако гледаш и тоа и тоа ти е зло за лицето само зависи каква пудра користиш или бб крема и нивниот состав.
Ги имам користено и двете и сум презадоволна , посебно од течната антибактериска совршена за проблематично лице , но јас во последно време течната никако да ја начекам Зборувам за перфект мат таа е некаде околку 450 60 денари незнам точно
Во Космо ги има овие производи, во средно ја користев пудрата и течната и камената и океј беа, само нијансите се доста темни. А има и бб крем исто во туба и од тој има и посветла нијанса но е со послаба покривност од пудрата.
Не сум баш задоволна. Слаба покривност и не е мат туку е повеќе сатен финиш. Можеби тоа #insta perfect ми направи да очекувам инстаграмски изглед каде се користи тешка шминка, а изгледа сакале да кажат како средување ,,на брзина". Сега ја користам за да си ги осветлам другите пудри, бидејќи ја имам бр 30 и е пресветла. Доколку некоја бара баш светла пудра што е лесна и нема голема покривност, тогаш би и ја препорачала.
@crazylady и мене не ми се допадна. Мислев дека навистина е мат ама не е. Не е воопшто покривна ама ајде тоа толку не ми сметаше. И со пудра сетирана дали 3 часа траеше на моево мрсно лице.
Менхетн е многу по тешка ако ти е за секој ден. Ама многу добра пудра. Не ја препорачувам за секој ден, јас ја користам за излегување, свечености и др. настани.