Знам дека мислењево е за во друга тема, но оваа е активна. Дали некоја од вас знае каде можам да ја најдам ББ кремата на Римел? Ја купував во ДМ, но веќе цел месец ја нема. Проверив и во Космо и Еликсир, но тие никогаш не ја ни имале. Ве молам ако знаете кажете
Кратка рецензија да напише кој ги користел и дали имаат покривна моќ, сакам нешто за секој ден и да не е мат имам сува кожа, може да препорачате и нешто друго.
Да, ја имам и во стик и течната. Во стик ја користам како коректор или за брзинско покривање. Многу ми се допаѓа дека не е тешка и не затнува пори како Пан стикот од МФ но сака сетување. Течната е лудило. Сама се сетува, а сепак е природен финиш. Не се вовлекува, покривноста е висока кон подполна. Не мрда цел ден, и можам да кажам дека е за секој тип на кожа освен многуууу сува или премасна. Мислам дека и двете се стално на попуст на е-еликсир но пред тоа види тестер, нијансите се чудни. Јас. Слаба до средна покривност, но можеби пудра со најубав финиш. Изгледа многу свежо, блескаво а текстурата и е како крема. Го оправдува името Wake me up. Повеќе е за сува и нормална кожа, но ако имаш масна/мешана сетувај ја доообро и ќе немаш проблем. Има во себе честички кои привлекуваат светлина, нешто како Radiant Lift на Max Factor, но многу полесна за носење. Нијансите се малце лоши, розев тон се сите. Верувај за 270ден. не размислувај туку купи си ја.
Фала за исцрпниот одговор Сува кожа имам, така да би ми одговарала, не се мислев за да ја земам, но во две дрогерии на Еликсир проверив, немаа останато светла нијанса како за мене
Здраво, некој да ми препорача пудра за суво лице, без мат финиш, нешто во стилот на loreal pro glow (или некој да знае каде ја има кај нас оваа)? Од пудри што до сега ги имам користено користено хелти микс единствено ми беше океј ама сакам да сменам
Јас. Предобра е, сум шминкала и другарки и на сите им стоела многу убаво. Секогаш кога ја носам добивам комплименти за лицето. Стакло ми го прави. Е сега нијансите се малку темни, ако си многу бела нема да ти одговара, ама ако најдеш некоја што нема да ти е многу темна вреди да се проба.
Фала на одговорот. Инаку што е проблемот со нијансите, нема ли светли, јас имам бел тен light to medium така нешто? Другарката што ми ја препорача е бела и исто така светло и е пудрото?
За комбинирана е оваа. Јас ја имав, е сега што беше трајна беше ама се создаваат лушпи малку. Убава ми беше и мене, сега ако направам споредба наликува на мек студио фикс по текстура.
женски препорачете ми некоја пудра што покрива,за сува кожа,ни една пудра не ми стои повеќе од 15-20 минути