Значи ептен без осет. Пред 2 години некаде редовно ја користев и чинеше ни повеќе ни помалку, точно 325 денари (во Зегин). А со квалитетот како стои? Покрива нешто или со цената и ја расипаа и содржината?
Не знам, вечер ќе ја пробам па ќе кажам какви се првите впечатоци. Во тесно бев инаку немаше да ја купам. Овде во Зегин мислам ја нема, не е толку снабден. Јас од парфимерија ја купив. Се двоумев меќу неа и Менхетен, втората беше 520 така да тука негде се. Ама ајде оваа ја земав, ја фалеа и другарки и на форумов па ќе видиме. Освен ако сега не ја расипале Проблем беше што ме чекаа пред парфимерија, се брзаше тетка ми па немаше смисла да се задржувам набрзина ја земав Севентин. Тоа е, ај барем да ми се погоди
А која од севентин?!Таа новата во стаклено шишенце или оваа старата?!Пф...за уште некој денар плус,сто пати подобра пудра можеш да земеш.
Абе старата, Тајм плус Знам дека можам да земам подобра, ама немав време воопшто и морав да ја земам. Како што кажав ме чекаа надов, колата беше запалена а јас кажав одма се враќам па немаше смисла да одолговлекувам. А морав да земам немам никаква пудра, потрошена ми е целосно а за вечер ми треба. Ќе ја потрошам оваа па за нареден пат, ќе си разгледам убаво. Не знаев дека е толку покачена, кога видов се изненадив. Тоа е што е. Лилит знам дека и ти имаш накај комбинирана кожа, ако не се лажам Каква пудра користиш, препорачај ми нешто за следниот пат кога ќе купувам. Не е битна многу цената, само да ми се погоди.
Јас до никаде не сум со пудрите,особено периодов кога лицево ми е страаашно.Страшно во смисла пак ми се случува она,мачкам крема не упива,стои на површина.Едно време ми се подобри и се така,подобро-полошо,сега сум во лошата фаза.Нејсе,немам најдено и јас добра пудра сеуште,ама користам ревлон и менхетен,зависи кога и како и ставам камена макс фактор по потреба и во зависност од тоа колку долго сакам да ми трае и дали е преку ден или навечер.За преку ден имам и една од орифлејм демек за мат ефект,си врши работа,не ми ја гуши кожата,ама повеќе сум само на коректор преку ден и така...мојата потрага продолжува.
И јас слабо некако кажав дека си ја утнав бојата кога си ја купив дебора,мислам тогаш за тогаш беше ок,ама сега некако поотемнав.а никако да си најдам и камена или во прав пудра....добро зошто мора сите произвди за македонија да се кич
Лилит кажи како си задоволна од ревлонот? и јас имам иста кожа ко твојата, не ми се впива ни крем само светам на т-зоната, а пак менхетенот некако тешка и сува ми беше за образите... па уште се двоумам меѓу ревлонот и дебора колор копи за навечер...
Имам претежно сува кожа, ја користам Affinitone MINERAL на Maybeline Спојлер , ама по неколку часа (2-3) почнува да ми светка лицево , ај препорачајте ми некоја за сува до комбинирана кожа да не е многу лесна ама не и премногу покривна Спојлер Мука ме фаќа да ги читам сите мислења, страни и страни наназад
до 200 ден е мислам...иначе лесна пудра е ...и убава за оние со сува кожа...ја има секаде и во најобични парфимерии
незнам дали некој има искуство со пудрите на Импала другарками ја користи доста време мн.е задоволна а лицето мн.и е убаво но став ми е да експериментирам со пудрите малку проблематична кожа имам пишува дека е за комбинирана и мрсна кожа и со фактор заштитен 15 а е 250 до 270денари
Иначе јас се изначитав ,прочитав отприлика пола коментари и се откажав од читање ..на крај уште повеќе се двоумам Бев скоро одлучена за црната менхетен,ама некој викаат дека е многу густа,и е неподонслива на лице ..А од друга страна пак сакам да е покривна,оти имам пеги што ужасно ме нервираат Колку што забележав овие пудри ги наведовте за најпокривни и најдобри мрсна кожа: -REVLON Color Stay -artdeco -time plus -deborah colour copy -Bourjois -менхетн мат -Лореал (PERFECT MATCH) -Деби мат солушн Значи имам нормална до мрсна кожа (т.е. т-зоната ми е мрсна) ,пеги и често лицето ми е црвено И цената на пудрата да е максимум до 600 ден Само да не е од Авон,Орифлејм или пак ИМПАЛА Е сега помагајте
mime87 имам користено импала од тие стандарт што се ,а во вакво стаклено не...сепак мислам дека се слични... Како прво штетни се за лицето,имаат колаген и предизвикуваат предвремено стареење и брчки.. Е сега,доколку тоа не ти смета ,тогаш импалата ја препорачувам на тие шо сакаат тешка пудра,значи покривна...а колку што прочитав низ коментарите велат дека не е за мрсна кожа... Јас имам нормална до мрсна кожа и искрено не сум баш задоволна,можеби е покривна,ама е многу тешка,не е трајна,и се собира ...а по некое време лицето почнува да свети Затоа ти препорачувам да пробаш некоја од пудрите кои ги спомнав во претходниот пост,ако имаш мрсна кожа и ако сакаш да покрива
една од најдобрите пудри досега.. и презадоволна сум, ми ги покрива дури и пеѓите .. а и не е скапа, Спојлер 300 денари
Има ли некоја што користи Loreal true match во моментов? Одамна ја немам купено па сакав да прашам за квалитетот.
Вчера купив пудра од Менхетен, мислев дека ќе биде темна за мојот тен, ама супер испадна.Задоволна сум. Ја купив 440 денара, не е скапа а ефектот е одличен.