Ова текстура има доста покривна е, ми стои на лице цел ден, ако купуваш, внимавај со нијансите. (малку се чудни со тоа што е 420 е посветла од 410)
Не ли е многу светкава? Кога ја пробав на раката на сонце изгледаше како хајлајтер да имам ставено. Сакав да ја купам, ама ме предомислија сипките.
Препорака за некоја добра пудра од Голден Роуз или Аура за нормална кожа и со добри нијанси со жолт подтон? Немам време да одам по парфимерии, а во близина само овие два бренда ги имам...
@themoon_ Буржуа ХМ , и јас би ти ја препорачала таа Аура Кавер ме за да не биде тешка можете да ја нанесувате и со бјути блендер , но за сува кожа не е дефинитивно..
Дали некој ја пробал пудрата artdeco perfect teint, се мислам помеѓу таа и ревлон за сува кожа. Или можеби loreal true match. Многу убави промоции имаат во Космо. Изгледа како сум тргнала сите ќе ги земам
Утре ти е на промоција тру меч во Космо за 509 ден. Иначе не сум ја користела ама сите ја фалат. Јас сум задоволна од Макс фактор 3 in 1
Девојки производи на Норева низ Скопјево има некаде? Прашував во зегин и во еурофарм ме гледаа чудно како не знам што да барам. Имаат совршена тонирана крема/ББ гледам дека србинките многу ја фалат.
Единствена од која не ми се прават мозолчиња и со која не сум имала проблем е течната пудра на Ингрид, минерална е и цената е 200 денари. Од Буржуа хелти микс цело лице ми се лупеше, а од Римел секој ден со ново мозолче се појавував пред луѓе. Цените очигледно немаат врска, се е до тоа која пудра најдобро одговара на вашата кожа. Јас имам комбинирана кожа, значи мрсна т-зона и не се мрсам на образи со склоност кон црвенило. Кожата ми е пречувствителна и проблем ми се течни пудри и маски. Имам заприметено дека маски од Балеа вооптшо не ми пријаат, од дерматолог ми е препорачано јас да си правам од зелената глина на Виталиа.