досега испробував пудри и секогаш си се вракам на Јанг дерм највеке ми одговара.. 5ката е како направена за мене, нијансата ептен ми е погодена а и сакам таква лесна пудра што нема да ми биде зациментирано лицето досега ги имам купено TIME PLUS seventeen - на почетокот ми беше ок, ја користев 2 месеци ама после некако ептен ми потемне пудрата, па си земав јанг дерм и таа ми остана неискористена.. пола шише е со пудра после си купив од орифлејм една, демек на база на вода.. и таа на почетокот ми одговараше ама после ми испаднаа потокожни мозолчиња, и таа сеа така си стои дома после си купив на дебора, мултивитаминска, не е лоша ја користев 2 месеци, не знам зошто прекинав ама пак си земав јанг дерм и од сега веке не купувам други течни пудри кога Јанг дерм највеке ми одговара, и бојата, и покривноста ми одговара, и не ми испагаат поткожни мозолчиња од неа туку мислам дека дури и лицето ми се чисти кога ја користам оваа пудра.. сега само уште да најдам некоја камена или пудра во прав што ке биде во ред за мојата кожа и мојата потрага е завршена, веке не експериментирам (сега за сега)
Може да прашам нешто ? Пудрава од Орифлејм ми изгледа баш,онака лесно,летно,таман за сега.. Сакам да ја порачам ама да не ја згрешам,да ве прашам вас и да ми ги кажете вашите искуства со пудрава..?
имав коментирано оваа пудра и јас ја имам ми ја дадоа поклон со сунгерчиња ама имам мрсна кожа и стрв ми беше да ја ставам пак купив нова еве така ми седи дома инаку имам слушнато ги фалат ама незнам за каква кожа е точно
Јас имам комбинирана,Т-зоната ми е само масна а образчињата суви..Арно ама многу ми е чуствителна,не ми одговараат сите производи,повеќето ми прават ситни бубулички на челото и многу се нервирам место цело мазно да ми биде тие штрчат.. Затоа да си прашам..
денес мајка ми ми донесе тестери од пудра на еуцерин и тоа со заштитен фактор 50 ...сакам утре да ставам од пудрата ама ми е страв ...имам масна кожа а на некои делови и сува ..ако може да ми кажете некое ваше искуство со еуцерин кремите ..се плашам да не се нафрлам инаку вакво пакување е и како се движат цените кај нас
^ Мислам дека има некоја забуна. Тоа е крем со заштитен фактор, нема таква пудра на Еуцерин. Да се нафрлаш не би требало од неа, може само да ти е мрсничка ако е кремата, а ако пишува Sun Fluid, тогаш е од лесната формула. А пудра не е, ама ај баш кога ќе отвориш пиши.
Јас до пред 1 месец ја користев пудрата на Deborah-Color Copy. Имам коментирано, прекрасна е, барем на мене ептен ми се погоди, бидејќи имам масна кожа. Сега ја земав на L'Oreal-Infallible и можам да кажам дека сум презадоволна. За сите типови на кожа е и одлично ми одговара. Не е тешка, ми покрива, а и долго време ми трае на лицето, без да ми имам сјај после некое време.
Тое е крем за заштита од сонце со нијансирачки ефект SPF 50+ - ја штити кожата од оштетувања предизвикани од сонцето; - за нежен и природен изглед на тенот; - внимателно изнијансиран за секој тип на кожа. Најнов производ од Eucerin
Дечки дали некој од вас ја има користено оваа пудра од Лореал?? Каква е и колку е цената ако може да ми кажете... Или препорака за некоја друга,битно ми е мат да е и да покрива добро зошто имам некои флекички по лицето...
Вака сега, сакам да прашам. Имам доста чисто лице и не ставам пудри, ама пред менструација на лицето ми се појавуваат неколку доста црвени бубулки. Кога нанесувам на нив пудра, наместо да ми ги покрива пудрата, повеќе ми се познаваат. Цренилото малку го снемува, но сепак се познава, а околу бубулките незнам како да опишам ама како бели лушпички се познаваат, и бубулицата апла се познава. Не е до пудрата бидејќи имам користено повеќе пудри. Mоментално ја користам од Manhattan powder mat, но исто е. Го има некој истиов проблем? Некаква помош?
Ј Јас ја користам оваа пудра. Мeне лично ми се свиѓа. Би ја препорачала повеќе за посува кожа. Не е претерано тешка, ама не ми е баш за секој ден, посебно не за лето. Сe на се, добра пудра, ја прави кожата многу убава и со убав сјај, а цената и е околу 760 ако не се лажам, јас толку ја земав во Cosmo.
и јас ја имам користено баш оваа, мене ми е многу мрсна и не сум задоволна од неа, но има и слична на неа, разликата е во делот кај капачето тој е мислам црн по боја (зборам за истата пудра но има два вида од неа) и за таа имам слушнато дека е подобра од оваа, а ја немам користено
воопшто не се плаши слободно стави си, еуцерин е една од најдобрите козметики кои ги има кај нас- мајками е алергична на секоја друга крема освен на оваа , ја користи веќе 3год, но мене ми се сеуште скапи, она користи само крема а мене ми треба тоник,пудра и се друго, знаеш и сама
Женски денес ја ѕирнав на Gosh пудрата што ја зборевте, и стварно е преубава, од понеделник ја купувам. Денес не носев пари
Уф ај уште еден комент, во потрага сум по убава пудра и никако да купам, тоест немам ни најдено.. Прво мејбилин гледав па менхетен, а сега нешто сосем друго.. а со пудри и не сум искусна многу многу бидејки и ретко користам..верувале или не, имам една единствена пудра дома која скоро никогаш не ја ставам. значи сакам да е лесна, многу лесна (ипак лето е), лесна до средна покривност, за нормална кожа..да не е онака ептен да свети, али и да не е сува па многу, бидејки лицето знае да ми е суво понекогаш, а сега па летово сигурно ке ми биде посувичко.. Како што кажав ја гледав гошот, оваа и преубава ми изгледаше, лесна, изедначува тен (не е многу покривна) баш како што барам..ептен ја бендисав.. Е сега да ми препорачате некоја слична на оваа? Исто ја видов и од дебора колор копи навистина ми ја ископира нијансата на лицето али некако многу покривна ми беше, буквално лицето гланц ми го направи, и некако тешка ми се чинеше.. иии уште поважно, сува некако беше.. а гошов е потечничка.. значи препорака некоја како гошот? исто може и од поскапите брендови да ми препорачате, Dior, Lancome.. секако со карактеристиките што ги набројав.. само до мах. 1500ден. извинете за долгиов пост и чекам одговори
За таква како што бараш, Гошот ти е совршена. Лесна е и баш ќе ти даде свеж и здрав тен. Штом толку ретко користиш пудра и имаш убава нормална кожа, не ти е потребна скапа пудра од класа на Диор, Ланком итн.