@Emy867 Facefinity ја немам користено, но општо не сум фан на Макс Фактор пудрите. Зависно од тип на кожа (посува, помрсна) би ти предложила: 1. Нормална/сува - Буржоа Хелти Микс, мене многу ми се допаѓа затоа што изгледа многу природно, здраво нема некоја сто саати трајност, но на моево лице издржува работни саати. 2. Ревлон Колорстеј, го има во две варијанти - за сува и за мрсна кожа. Ревлонот е и подолготрајна пудра, но и можеш да ја надградуваш, од денска полесна, до фул за навечер. 3. Ако сакаш нешто со баш поголема покривност и трајност, Лореал Фреш Веар е супер, само пробај ја некако прво, оти еве јас сува кожа имам, а супер ми е, но има луѓе што не им одговара.
@Emy867 Фејсфинити ја користам он и оф со години, ептен ми е убава и ми одговара. Покривност висока, не е сува, според мене одговара на секаков тип на кожа. Мојата е мрсна/комбинирана, ама месециве доста сува поради бременоста, но пак убаво стои пудрата и не истакнува суви делови. Ја нанесувам во мала количина и убаво ја тапкам со сунгерче, зошто повеќе ако ставиш, или ако не е убаво размачкана, може да изгледа cakey. И нијансите запази ги, јас ја користам 60 sand, a можам и 75 golden sand. Тоа се последните две најтемни што ги носат кај нас, а се доста светли (јас имам светол тен), така да имај во предвид дека посветлите од нив се ултра светли.
Јас вчера пробував тестери, 55ка ми се допадна како ми стои, јас бела сум, ама стварно се бледи нијансите. Ќе пробам утре и Хелти Микс и ќе се одлучам. Фала ви.
Таа од Махантан ја немам пробано, а Лореалот да а и плус оксидира. Секој е различен и на некој му одговара некоја пудра, на некој не. Индивидуално е.
И да не ја пробуваш освен ако имаш исклучително мрсно лице, тешка е ептен. Да, различни сме, тоа секако
Препорака за покривна пудра за комбинирана кожа што не оксидира, или барем не колку Катрис Хд која моментално ја користам. На пола шишенце сум ама станува ептен чудна нијанса на лице, а на почетокот ми беше совршена. Се мислев за Ревлон колорстеј дали е слична на Катрисот и дали оксидира?
Мене Ревлон Колорстеј ми е сто пати поубава од Катрис ХД. И да, Ревлон имаат далеку подобар избор на нијанси.
Имав арт деко, бев многу задоволна но веќе немам сретнато никаде од тој бренд баш беше покривен и коректорот. Инаку и од Catrice сум задоволна.
Еве уште еден трагач низ универзумов, кој никако да си најде добра пудра. Купив Ревлон. 200 нијанса од таа за комбинирана/мрсна кожа. Од катрисот имам 010 нијанса. За покривност дефинитивно катрисот е попокривна, а ревлонот некако поубаво ми легнува на кожата и повеќе ми се свиѓа текстурата. Се надевам потрајна е ревлонот, катрис во последно ми "испарува" (иако покривна) после два сати носење делува како да ми ја снемало од лице. Утре ќе ставам од ревлонот за на работа за цел ден, пошто сега само онака инстантно ја пробав, прв впечаток знае да излаже, па после цел ден со ревлон ќе знам која од нив две ми одговара повеќе.
Не ти е темна 200? И јас користам Катрис ХД 010 ама мислев ревлон 150 да земам, сега ептен се збунив.
Таман ми е ревлонот. Катрисот ми е малку посветла. Ревлон 200 не ми е нешто темна, розев подтон има, конкретно мене некако повеќе ми одговара. Заборавив убаво да ја размачкам сликава ревлонот е со пумпица, одма избришав, после ја приметив формата. Земи си 150 ако ептен ти одговара 010.