Препорака за пудра за комбинирана до мрсна кожа и да е покривна и лесна и да не исчезнува за 2 саати, за 8 саати да е барем? Цена до кај 700-800 ден
Имам природно комбинирана кожа но сега сум под терапија од дерматолог и кожата ми е премногу сува. Проблем бр.1 - ниедна пудра не ми седи на лице повеќе од 2 саати, исто ко кожата да ми ја јаде. Проблем бр. 2 - линиите на челото уште повеќе се изразуваат. Би можел ли некој да ми помогне барем каква пудра да земам да користам? Ја имам Лореал тру мач ама и таа реагира ко и другиве..
Manhattan endless perfection 24h. Убава хидратантна пудра со средна покривност. Во Космо ја има и често е на попуст.
За тие пари е супер, околу 250 мислам беше. Многу ме потсеќа на Менхетн мат во црно пакување, формулата е скроз иста како мус, само нијансите на Риммел се поприродни некако, што знам, малку се познаваше пудрата тоа не ми се допадна, ама нијансата беше супер. Средно покрива, воопшто не ми беше тешка, трајноста исто така солидна. Фина пудра за тие пари, строго за комбинирана или мрсна кожа.
Јас ја имам користено и почнаа многу мозолчиња да ми искачаат од пудрава. Ама тоа може и да е до мене бидејќи генерално сите пудри што ги имам пробано од Rimmel не ми одговараат баш зошто се парфимирани и дека ми е многу осетливо лицето.
Највеќе на образите ми ја снемува пударата, на Т-зона не приметувам Ќе ја пробам оваа Менхетен, а Хелти микс одамна ја немам користено..
Ве молам за препорака/коментар за Мејбелајн суперстеј 24н и Буржуа хелти микс. Имам комбинирана кожа што светнува за кратко, и мн суви образи... Фала
Многу се разликуваат една од друга. Таа на мејбилин е потешка и со поголема покривност и ги истакнува сувите делови. Се надоградува до потполна покривност, но баш се забележува дека имаш пудра и би ја препорачала за некој евент или навечер. Додека пак Боржуа е полесна, со средна покривност, дава свежина на лицето и одговара на оние со сува и комбинирана кожа. Доколку немаш баш проблематично лице би ти ја препорачала на Боржуа и да ја сетираш т зоната со камена пудра/пудра во прав.
Фала многу. Се одлучив за Буржуа. Инаку Мејбелајн от е на попуст во Космо, околу 450 мкд, а Буржуа е на попуст во Еликсир, околу 600 мкд....
Предобра беше во старата,бела туба. Сега оваа ја ставам секој ден, уште неможам да сватам што е променето. Побрзо ми се мрси лицето, после 6 часа сум лампион, а старата 8-9ч немаше проблем. Потсеќа на менхетенот(што ја користам само за излегување, свадби такви работи) како што пишаа горе, густа е многу, зимска пудра да не речам Се на се за 250ден вреди да се купи. Јас пак ќе ја купам кога ќе ја потрошам, светела не светела, колку пари толку музика