Супер е ако имаш чиста кожа инаку не е покривна ама па мене многу ми се допаѓа. Иако поубава е true colour од Авон, ако земаш пудра од Авон, земи си ја таа, ептен природно изгледа, не се ни познаваше на мене, нијансата за бела кожа е исто одлична. Само пудрите од Авон убаво ми легнуваат на лицето мое, чудна работа, а сите други ги нејќат...
Ако немаш екстремно мрсна кожа нема да имаш проблем мислам. Пошто во тек на денот се меша со "мрсното" од кожата и добива таков убав ефект.
@Dream-Girl Дримке ако имаш сува кожа пробај ја Bourjois Healthy mix. Мене ми е погодена ептен. Туку знам дека еднаш прашав ама за грешна нијанса сум прашала. Се мислев дали 53 или 54 ја имам од хелти миксот, па испадна дека 53ка сум имала. Дека на акција Ревлонот сакам да ја пробам, па помагајте која нијанса ќе ми одговара со 53ката? Уште не сум отишла да земам. @Mishela help pls.
Хммм значи потемна од мојата 150ка секако. That's a start. Вака на прва асоцијација, да ја пробаш 180ка. Ако ти е светла, следна мислам дека беше 220 и таа би требало да е супер ама не сум сигурна баш како одеа после 180кава. Нека помага @buba4e89 со нијансиве, мислам дека она користеше од Ревлон и од Боржуа 123 Перфект (доста слични се нијансите со ХМ) од средните нијанси па веројатно подобро ги барати. Јас викам прво да ја пробаш 180ка, па ако не е добра да одиш нагоре.
ја имам користено тешка е ама преубаво седи на лице сите ми даваа комплимент за лицето за цената е супер и тоа за на вечер најпогодна
Убава лесна формула има, средна покривност и природен изглед дава но не би ти ја препорачала бидејќи јас цела се ифрлав акни по лицето од оваа пудра. Претежно имам чисто лице само по некоја акна од време на време ми се појавува но со пудрава наеднаш кошмар ми стана лицето. И многу се разочарав бидејќи пудрата не ја суши кожата,има убава формула и убаво легна на мојата природно сува кожа како за секој ден е топ но ради тоа што од секоја втора пудра се исфрлам акни не преферирам пудри од орифлеим и авон одамна. И тоа ситни акни низ целото чело, на образите... Незнам дали сум единствена со вакво искуство со оваа пудра но прво распрашај се за туѓи искуства, но мислам дека е за позрела кожа бидејќи на мајка ми не и правеше таков проблем.
Девојки предлог за сува до нормална кожа ама Т зоната ептен сува дури како да ми се лупи лицето ми доаѓа тој дел. Веќе незнам дали до пудрата е ама да си пробам да сменам. Така сакам малку по покривна да не е баш како крема за лице Фала ви ќе ме поштедите од 2 саати ѕверење по парфимерии
Ревлон колорстеј за сува кожа или Боржуа хелти микс. И обавезно претходно крема за лице и почекај две мин да ти се впие пред да нанесеш пудра.
Јас си ја зедов Maybelline Fit me matte+poreless пред некое време и ептен ми се погоди. Ја имам користено порано, тогаш кога беше во ек, омилена кај сите јутуберки и бјути блогерки и ич, ама ич не ми се допадна. Дали кожата ми била поинаква или сум имала други недостатоци кои правеле пудрата да изгледа лошо на мене не знам, ама како друга пудра да носам сега. Некои од поскапите пудри буквално вода можат да ѝ носат на оваа од Maybelline. Нијансите се одлични - има и за Касперки и за девојки со потемен тен. Најсветлата нијанса не е ниту жолта, ниту розова, онака баш таман. Мат е, ама не она да те зацементира да не можеш да кренеш веѓи на раат. Формулата е лесна, „тенка“ ама одлично покрива. Супер легнува на кожа и лесно се бленда, не изгледа како маска и не се познава, не се брише, за таа цена (385мкд на попуст во ДМ) - одлична пудра. Пишува дека е добра за нормална до масна кожа, јас сум со комбинирана и потврдувам дека нема гајле пудрава во посувите делови, не ја суши кожата воопшто. За нормална кожа која е малку посува не знам каква би била, можеби похидратантна подлога би завршила работа, ама дефинитивно би била полн погодок за сите оние кои имаат комбинирана или масна кожа.
Пред Нова година беше на попуст, тогаш ја купив. А сабајлево пак ја видов на попуст во ДМ, истата цена е - 385 денари. Многу често ја има на попуст и во ДМ и во Космо.
Одговара за комбинирна, масна и нормална. Течна тенка формула е, но доста е покривна. Има убав финиш.