Лесна пудра ( ама покривна и да не се брише после саат време) за нормална кожа со мрсна Т-зона? Оваа на Seventeen моментално што ја користам ( а ја користам од летоска истата пудра), некако одма почнува да оксидира.Буквално последната туба пудра ја купив пред Нова Година и веќе почна да оксидира
Некоја лесна пудра, бб крема, за секој ден, не многу тешка и покривна колку да изедначува тенот само, за мрсна кожа? И битно ми е да има светли нијанси со жолткаст тон.
Феминки, дали некоја од вас има искуство со Seventeen пудрата од сликата? За каква кожа е? Покривност?
Ова е ББ крем, не знам, јас обично го користам за изедначување на тенот, а и преку ден. Нема некоја висока покривност, ама убаво изгледа на лице.
дечки јас имам комбинирана накај мрсна кожа, а во оние денови катастрофа ми се прави лицето... ги користам овие две пудри комбинирано и се феноменални, пре пре препокривни, стојат ептен долго и што е најважно не се копираат на облека
Некоја покривна пудра за доста сува кожа? Што и да ставам ми се познаваат како лушпи на лицето (ова последнава недела) иако користам и крема и масло пак така ми изгледа.
Мене ми беше таква, посебно зимно време и купив крема на Веледа ( Skin care ) и пудра на Боржуа City radiance. Пробај ја како крема е, ама покрива и има спф.