Да од Лагуна ми кажаа дека има таму нивни производи. Малата од 35мл е 1390 а големата од 55мл е 1900. Вечерва ќе ја пробам се надевам ќе биде добра
По користење на тешки/мат пудри од типот на maybelline superstay, revlon colorstay, avon flawless, bourjois 123, приметувам дека порите ми се во уште полоша состојба, имам нови акни и црнки и повише црвенило низ лицето. Сакам да почнам со некоја лесна пудра/ бб крема која не би ги затварала премногу порите и не е толку тешка за лицето. После вадење на шминка на горенаведениве пудри ми требаат три туфери за лице за да ја тргнам скроз пудрата. Девојки кои мачите мака со акни, пори, црнки, дајте ми предлог за нешто полесно ? Цената да е до кај 700 ден.
Дали знаете кај можам да ги најдам catrice hd пудрата и liquid camouflage коректорот во Охрид? И колку се?
Оваа одговара за 200 ревлон, таа првата темна ми се виде. 200 и 220 се светли нијанси. Лореал Тру Мач е за сува кожа.
Лореал тру меч и на нормална кожа одговара. Јас ја користам, прекрасно легнува на лице и не свети, туку има баш dewy изглед. Не е кремаста/густа пудра за да се ограничи само за сува кожа.
@cooll Клиникот е за сува кожа, лично ја немам пробано ќе ја тагнам @danichap да не ја има случајно пробано
Ја меркам новата на орифлејм Ever lasting Sync. Ако ја проба некој да каже дали стварно е погодна за сите типови кожа.