Лесна, многу лесна, многу квалитетна и не најскапа (810 ден. ја земав во Шатци) Bourjois Healthy mix. И нема да најдеш друга пудра што мириса толку свежо, летно, тоа се должи на овошните киселини што ги содржи.
Порано користев Time+ od seventeen, ама многу брзо ми се бришеше. Кога ке си одев дома цело лице ми беше со флеки. Сега ја користам од Max factor - lasting performance и сум задоволна. Некој ми ја фалеше и оваа дека била добра па можеби и неа ке ја пробам нареден пат.
Фала Ливинг и Марчеса Ливинг, па не ми е лицето совршенство, али ретко користам пудра оти...оти немам пудра! а факт е кога ке се стави макар и лесна, ооодма е подруго... Ги спомнав скапиве брендови, дека нели поквалитетни се као демек, па ако купувам да си купам една асална, што ке ми биде совршена, и онака не шлапам многу секој ден..така да таман ке ми биде..знаеш кој бренд таков има квалитетни лесни пудри за млада кожа? само да не се есте лаудер и клиник, имам некоја одбивност од нив, незнам зошто Марчеса, ова хелти миксов ептен прелесен да не е? покрива ли бар малку... и некако скапичок бе, или ме фатија моменти на скржавштина е сега одлучливата јас, неможам да се одлучам, гош или буржуа
Па, пудра е секако дека покрива.. Сега ептен ако имаш исфрлано лице, нема да ти покрие се, ама ако ти е чисто, ке ти го изедначи тенот, а нема да осекаш дека имаш пудра на себе... Размисли си, иди најубаво во парфимерија, Космо, Шатци некаде каде што продавачките се разбираат види ги двете, спореди ги и одлучи која повеќе ти одговара
Марина, second skin foundation на max factor е стварно одлична пудра, покрива како луда и лицето изгледа буквално како професионалец да го шминкал. Јас имав тестери и ги искористив за матура пудрата ми стоеше цело време, со малку камена врз неа. Само мене лично ми е претешка пудра...
Луѓе дали некој ја има пробано оваа пудра? Ја видов пред некое време во космо, ми се виде привлечна ама страв ми е да ја пробам дека имам проблематична кожа...па ако некој ја има користено нека сподели мислење...
Јас ја купив оваа пред некој месец, а зошто поима немам. Ја фрлив пред недела дена затоа што ставив само еднаш и искрено беше го*но! Дали се исти по квалитет како твојава не знам, ама моја препорака е друга пудра да купиш.
^велешанке, и јас се мислев меѓу тие две. Првата ја користев може 2-3 години, а оваа под неа си ја купив пред еден месец. Мене лично многу ми е подолготрајна и попокривна втората од таа првата, Тајм плус. Не знам дали ми е погодена на кожата или што, ама морам да ја пофалам. Супер си е за таа цена. Во космо кога ги прашав што е разликата, ми рекоа дека втората била погуста.
^ И малце потешка е мислам оваа втората. Сепак ако би ме прашале мене, јас лично сум за втората, пошто оваа првата ама баш ич не ми е трајна, а лицето е прекрасно после нанесувањето. Инаку сакав да ве прашам, а знам дека ве удавив со прашањата околу пудрава, ама љубопитство, шта чеш Има ли некоја поголема разлика меѓу овие две пудри, или ич да не се мислам да си ја купам пак нјуд перфекшн !? Ме интересира чисто информативно, при крај ми е мојата, па сакав да слушнам дали се многу различни или да си терам пак по старо.
мишела јас ја имам таа со зелено капаче многу време ја користам многу ми е погодена инаку имам комбинирана кожа значи оваа е повеке за мрсна кожа а иначе другата ја немам пробано ама продавачката во парфимеријата рече дека таа е за нормална кожа по оваа би требало да се разликуваат оваа мојата е потешка ама затоа пак цела вечер ми стои на лицето не мрднува подобро испробај ја да видиш дали ти одговара.
Користев Impala од причина дека не ми се даваа многу пари за пудра, која и онака не ми е премногу потребна - ја користам само за вечерно излегување. Сепак понекогаш морам да ставам пудра затоа што одвреме на време ми се појавува црвенило на лицето и многу бргу се вцрвенувам во лицето и при најмал напор или замор. Во лето не можам да ја користам Impala затоа што е многу тешка, течна е, и тешко ми паѓа на лицето во таа жештина да имам плус нешто. Сега сакам да најдам некоја камена пудра, која нема да биде многу скапа, но да е квалитетна и најважно од се’: да е лесна, да не е тешка за носење во жештиниве. Некој совет?
Јас ја користам оваа пудра но досега ја имам купено 2 пати и мислам дека лицето ми се засити од оваа пудра и треба да ја сменам . Сакав да земам од max factor -second skin foundation Многу ли е тешка ?
Има разлика, и двете се покривни, ама сепак предност има првата. Наменета е за сите типови кожа, густа е ептен. Втората е за мрсна до комбинирана кожа, поретка е и полесна, ама сепак убаво покрива исто. Значи, ќе се повторам..првата "nude perfection" е подобра според мене.