Некој да сподели искуство со пудрите на Artdeco Liquid camouflage full cover i artdeco rich treatment која е подобра?
Јас ја користам Clinique веќе 2 години, многу е убава, лесна, како бб крема е. Само според мене нема некоја огромна покривност.
Мислам дека сите треба да не засега. Можеби некое девојче ќе се излаже. Само штета што банана државава нема закон за продавање фејк ствари, од али експрес бижутерија се продава по 500 денари. Ако станува збор за козметика уште полошо, декларацијата е фејк. Во нормална држава ќе им го затвореа продажното место (ако го имаат) можеби продавницата само на фјесбук им постои. Ако постојат само на фејсбук тогаш можеби немаат регистрирано дејност, не постојат како фирма/правно лице, а препродаваат. Е ова и те како е проблем. Кога можеа тој со марулите да го апсат на пазар што продавал, можат и ваквите на фејсбук што продаваат, а што не пријавуваат даноци.
Не верувам дека Катрис имаат пазарски шишиња бидејќи ова е нискобуџетен бренд што секој може да си го дозволи. Можно е да се работи за распродажба или пак некоја акција. Не се согласувам со коментарот на лудамаја ама тоа е право на избор.
Покривна е пудрава? Другарка ми се фали од бб крема на фризи дерм од зегин. Стварно лицето и е кристал,баш ја прашав што пудра користи. Околу 450 ден.била
Ја имам првата,за масна кожа,но ја користам само за некои свечености зошто е многу покривна и тешка не е за секој ден,ако имаш поише несовршености на лице,пеги бубулички ,се покрива.
Здраво. Јас сум почетник во шминкање, ретко се шминкам. Но, сакам да си земам некоја пудра да не е многу тешка. Што мислите за оваа? Дали некој ја има користено. Инаку имам нормална кожа.
Супер е за нормална кожа, би требало да ти одговара. Покривноста е средна, има фин избор на нијанси и цената е одлична.
Не е задолжително, ама ќе ве замолам овде да избегнувате муабети за пудри во прав затоа што за нив имаме посебна тема: https://forum.femina.mk/threads/Пудри-во-прав.28604/
Револушн е многу добра , имам јас ко твојс кожа. За посекојдневна варијанта - ЦЦ од Буржуа. Ликуид камуфлаж е за поголема покривност но е ЈАКА. Мејбилин неМа да ти одговара.
Може да ми кажеш која нијанса ја користиш? Имаме сличен тен. Јас се двоумев измеѓу W0.5 И W1 Porcelain. Ја нарачав првата, се надевам дека нема да ми е многу светла. Од ревлонот 150 ја користам.
Имав еден момент, барав вештачки трепки низ бит пазар. Здогледав Катрис и други познати пудри по тезгата, цената беше отприлика 200,250 ден. Околу 200 денари значи разлика. И прашав дали имаат ревлон течни пудри, дечкото ми рече не смееме, забрането ни е.