Matte Cover има поголема покривност од fresh wear, а со самото тоа е и потешка. По 4-5 часа знае да се поместува, иако е веќе сетирана со камена или во прав. Знаат да се собираат линии околу устата по некое време. Не е лоша, меѓутоа според мене fresh wear е поприкладна за секој ден и поиздржлива. И двете рамномерно се нанесуваат, океј формула имаат, не се drugstrore лепак. In my opinion, Loreal имаат добри формули, но подтоновите им се хаос, многу е тешко да си погодиш нијанса. Matte Cover е добра за ноќна шминка, не би ја користела повторно за преку ден.
Имам комбинирана кожа, на Т-зоната многу во последно време ми е сува и ми се перута, а на образите ми е мрсна. Дали сте користеле пудра на Catrice?
Ја користев поодамна и за тој тип на кожа е супер. Наменета е токму за комбинирана и масна кожа, мислам дека ќе ти одговара.
Мене ми е искрено омилена. Штета нијансите воопшто не ми одговараат, но упорно ја купувам и ја мешам со други пудри. Доста е течна, а добро покрива, што тешко се наоѓа. Обично тие што добро покриваат добро се густи и тешки. Нема да погрешиш
Може да се користи секој ден, да не е како бетон на лице? Имам бледо бел тен, мислам дека спаѓам во основните тонови.
Дали има некоја нијанса помеѓи 010 и 030 од Катрид хд? Едната ми е пресветла, а другата ми е темна, а на 020 подтонот не ми одговара бидејќи сум пожолта. ќе ја нарачам од некаде ако треба, само да најдам таква нијанса.
Можеш слободно да ја користиш за секојдневна шминка. Доста е покривна, но формулата е многу лесна и можеш со малку пудра да добиеш баш природен и изедначен тен. Ако ти изгледа како да ти е премногу на лице, секогаш можеш да ја помешаш со малку крема, јас така правам кога не сакам да излегувам со „голо“ лице, а не ми се става многу пурда. Што се однесува до оваа пудра, мислам дека има голема веројатност да ти биде погодена, ако си најдеш соодветна нијанса. И јас не успеав да си најдам нијанса од пудрава, мене и најсветлата ми е темна па некако ја баталив.
За каква кожа е пудрава? И колку пари е? Моментално ја користам Healthy Mix и преубава ми е ама сакам да земам некоја попокривна за вечерни излегувања
Помалку покривна е од хелти микс и е помат од неа. Убава е доколку имаш чиста кожа и би ја препорачала за нормална и комбинирана кожа. На слики изгледа убаво. За цената не се сеќавам, но е помалку од 500 ден.
Околу 450ина денари... Стварно е за чисто лице, ама не ми се допаѓа многу, ајде тоа што не е многу покривна, не ми легнува убаво на лице ако не ја ставам со сунѓерче, а така се губи покривноста. За светнување брзо светнувам сега со секоја пудра, ама со оваа посебно светнував и ретко ја користам. Thumbs up за убавиот состав. Исто така совет, ако си многу бела - не ја земај најсветлата - ја кај бела па и неа, за анемична гледам. Се шалам ама е прилично светла, па внимавам со количината, еднаш малце сум претерала и исходот... Следно што сакам да пробам се Revlon candid и Borujois новата што не е нова сега ама ајде.
Па и мене ме привлече убавиот состав,ама ништо,најверојатно нема да ја земам. Имам прочитано доста коментари дека не легнува убаво на лицето а јас имам некои суви делови и страв ми е да не ми ги истакне уште толку. Се мислев и јас за Revlon candid, девојки искуство со неа? За каква кожа е и дали е покривна? Не ми треба некоја премногу покривна што ќе го зацементира лицето ама ете нека биде солидна
Не содржи масла пудрата , многу е лесна идеална е за комбинирана до масна кожа, покривноста и е средна одлична ми е мене
Јас ја пробам на тестерче дома втората , мноогу ми беше масна , а покривноста е средна . Мојот тип на кожа е комбинирана до масна па мислам дека е повеќе за сува до нормална. Јас ја купив од Бугарија 330 денари е таму, тука не сум сигурна
За чисто лице е, покривна не е, ја чисто лице имам ама ич не е убава според мене. Ја земав еднаш на промоција коа беше 300 и нешто мислам. Ама не ми се погоди ич. Грд мирис има, неубаво легнува на лицето, не знам, безвеза е.
Јас ја користам оваа и сум презадоволна имам сува кожа ми има медиум покривност и сум задоволна.Мирисот откако ке ставам не ни го осеќам.
И ја имам сува кожа, поготово на челото и кога ќе ставам таму уште повеќе ми правеше да се познаваат. Не знам, мене не ми се допадна. Сепак различна кожа, различно искуство, пред да ја земам и јас тука читав позитивни искуства