За комбинирана, мрсна кожа е, ама по подолго користење увидов дека не стои убаво на кожата. Се гледаат порите , не ми се допадна сепак. На почетокот ми се гледаше супер
Според мене оваа пудра е за екстемно масна кожа. Мојата кожа е комбинирана и премногу ми го сушеше лицето, но не е тешка и океј изгледа после 6-7 работни часа. Ја пробав и со прајмерот, не ми промени мислење дека е ту мач. Најголема предност е што има голем избор на нијанси и со сигурност ќе најдеш подтон и нијанса која ти одговара.
Јас , моја омилена пудра ! Има средна покривност , многу е сува и матт . Доколку имаш комбинирана кон масна кожа би ти одговарала но ако имаш суви делови мислам дека не бидејки се познава и ги истакнува. Особено сега за топлите денови ме држи матт цело време
Фала ти која нијанса ја имаш? Ќе ја земам само уште нијанса да изберам светла неутрална немам суви делови, лицето баш ми е масно
Јас ја порачав по цена од 13 евра со 20% попуст од страната на NYX за во Мк треба да ја има во Александар
Ми вратиле дека ја имаат. 1250 ден. и' е цената, јас за нијанса Vanilla прашав, ја имале и таа. Пиши обавезно како ќе ти се свиѓа и пиши за твојата нијанса каков подтон има.
Јас ја одбрав Alabaster , се консултирав со нив ми рекоа дека нијансава спаѓа во светлите со неутрален подтон. Супер штом ја има, ќе ти кажам обавезно каква е
Пудра за нормална кожа накај сува која добро покрива? До 600-700 ден. Боржуа хелти микс ми е слаба, a L'oreal infallible ми се собираше во линиите