имам комбинирана кожа имав користено од орифлејм една многу ми беше прикладна... е сеа пошто јас не ставам често пудра само за на свадби и некој такви свечености ми треба некоја течна пудра што покрива убаво да седи ама да не е многу тешка и да не е мрсна за да не ми свети лицето.... ама и да не е многу скапа..... ми треба да два три дена сега за овој викенд и затоа не можам да си порачам од орифлејм иначе ке си ја земев неа... затоа ве молам дајте некој совет некоја пудра течна убава за ефтини пари.. ако знај некој нека кажи....плссс
Имам користено многу пудри дека имам проблематична кожа, ама пудра за совршено прикривање на сите недостатоци estee lauder max cover - дефинитивно.
Луѓе имам лице со неколку акни ( немам многу) но не ми е тоа проблемот, порано повеќе имав и сега на лицето имам црвенило и проширени пори...има некоја пудра што убаво покрива се? Ја користев досега од Loreal но морам малку да сменам.
Пробај ја 24 часовната на Дебора мене ми одговараше таа на мојата кожа,ама потешка е за летно време,и на мах фактор таа класичната добро покрива.Тие 2ве мене најмногу ми покриваат ама се потешки да знаеш,од Лореал ми се сушеше кожата уште повеќе.
женски дали е различна пудрата или само нова опаковка е? Ја купив пред некој ден втората,ама некако не ми е покривна како што ми кажувавте
Од секогаш постоеле и двеве пудри, си имаат различно име. Едната е повеќе за мрсна кожа, другата за нормална накај сува евентуално. Иначе сакам летна пудра која нема да се разлева на сонцево и ќе издржува +40
По 6 месеци користење, денес си ја дотрошив Teint Idole Ultra на Lancome. Колку ми жал. Пудрата е совршена. Лесна, а покрива, мераци. Но за летниве месеци после догооооо мачкање, пробување тестери се одлучив за Gosh, Natural Touch.(нели јасно е главен проблем се парите). Лесна е, и добро се размачкува, покривноста и е средна. Но како и да е на проблематичните места на несувам Pan Stik за подобро покривање. Го дава малку она чувство на затегнатост што ич не го сакам. Но, тоа е тоа. А на есен здравје боже 2700 денари за Ланкомот
Првава ја купив пред месец дена, во Unique ми ја препорачаа за чувствителна кожа. Покрива ама не многу, го прави лицето свежо што мене ми се допаѓа. Втората ја немам користено ама девојчето од Unique ми кажа дека е доста погуста и попокривна, ама не е за мојата кожа. Чудно што не ти покрива доста е густа ја пробав и јас тогаш на лице, ама мене ми е стварно тешка пудра
Дечки ја бидува оваа камена на Орифлејм Се двоумам дали да ја порачам 300ден е мислам моментално Oriflame Beauty Pressed Powder
Пробај ја 24 часовната на Дебора мене ми одговараше таа на мојата кожа,ама потешка е за летно време,и на мах фактор таа класичната добро покрива.Тие 2ве мене најмногу ми покриваат ама се потешки да знаеш,од Лореал ми се сушеше кожата уште повеќе.[/quote] Колку пари е? [/quote] ја има и во КИМ парфимеријата во трговски околу 670 ден
Јас не користам камена, ама другарка ми имаше една Кетрин Арли, ја купила за 100ка од негде, и искрено убава беше,за тие пари фина беше,покриваше. Ама што знам,пак не би ставала толку ефтина ствар на лице.