Женски помагајте, кажете некоја пудра за сува кожа. Доста ми е сува кожата но приметувам дека кога ќе ставам од кремата eucerin hyaluron filler пудрите малку од малку подобро ми легнуваат. Сакам да биде долготрајна, да изгледа природно на лицето и најважно да има убав жолт подтон. Имам чуден тен на лицето, баш сум жолта. Многу барам знам XM ја користев поодамна ама за многу кратко ми ја снемуваше од лице. Ревлонот е супер но немаат жолти нијанси, пробував да правам микс од две но не е тоа тоа а супер ми легнува. Сега ја користам bourjois always fabulous но пак е проблем подтонот ко да ми е на портокалово, и ко да не е за суво лице. Имам користено и доста други пр. loreal true match, премногу ми е ретка и како да не ми легнува воопшто на лицето туку си клизи пудрата. Дајте предлог
Одличен ! Јас го нанесувам со прсти така најдобро ми се покажа , инаку пробав и со четка и мокро сунѓерче . Прекривноста е слаба кон средна , но сепак покрива . Дава здрав изглед на лицето , јас имам комбинирана кожа , ја сетирам со бебешката пудра од ДМ babylove и стои 4-5 часа без проблем
Кој број од Мејбилин фит ми мат одговара на Боржуа хелти микс 52? Знам дека нема тестери и не сакам да се задржувам долго во ДМ.
Предложете ми пудра, имам многу суво лице и бел тен. Некоја што ќе покрива убаво и да не ми биде тешка на лицето, ако воопшто е можно тоа и цена ако знаете колку е
на bourjouis city radiance, природен изглед, добра покривност, и топ е за сува кожа а преубаво изгледа ко крем да имаш ставено и башкс имаш светли нијанси шо не се портокалови ПЛУС 30 спф и нешо за против загадувања..искрено одлична е и за комбинирана нормална кожа со малце сетирање пробај јс може ке ти се свиѓа
преубава е ако си најдеш нијанса, за комбинирана мрсна па и за нормална мислам дека ќе е топ. Мат е и трае, природно изгледа и покривна е лесна е.Малце се лоши светлите нијанси затоа имав јас лично проблем, инаку може би ми била и омилена пудра.
За пудрава има преку 10 мислења во последните страни. Дај пролистајте низ темата пред да прашате, едно исто се повторува цело време.
Maybelline fit me пудрата зашто ја нема кај нас? Барем колку што сум прошетала. Гледам многу добри рецензии за неа и сакам да ја пробам. мислам за таа во стаклено шишенце а не во тубичка.