Околу 390 ден.во ДМ. Добро матира и покрива. Јас ја користам, имам иста кожа како твојата и ми одговара. Оваа е најсветла нијанса, мислам беа 4.
Фалa за препораката Сакам да прашам дали во последно време некој ја видел оваа пудра на Римел, ваква како на сликата, а не новата со пумпичка??
Дали од Ревлон пудрите имаат донесено нова нијанса. Конкретно оваа 295. Ја има на страната на фв Ревлон Македонија.
@koritsaki гледам навистина си многу упатена во козметика и затоа лично тебе те тагирав. Иако оф топик сакам да ти се заблагодарам за предлогот за маскара Eyeconista од тука ја прочитав од твој пост и стварно сум презадоволна, па затоа сакам да те прашам и за пудра. Имам мрсна Т зона и користам менхетен мат пудра онаа во црно кутивче, ама сакам некоја слична на неа да ми препорачаш. Значи сакам иста покривност и мат изглед ко оваа. Сакам барем да сменам малку оти осеќам ко презаситено ми е лицето од неа. Ставам секој ден за на работа. Цената да не е повисока од 1000 денари. Фала
Пред се благодарам за убавиот коментар ја имам користено таа пудра на Менхетен, најслична ми се гледа на Loreal infallible matte , и нијансите се слични. Мислам ќе ти се допадне
За посува до нормална кожа. Ако имаш комбинирана мислам дека може да се случи да ти се јави масен сјај во Т-зоната, но ништо страшно што не може да се среди со малку камена пудра. Не е лоша пудрава, ја имам користено порано и највеќе ми одговараше во зима. Со малку фиксирање издржуваше солидно, но сепак имав потреба од корекција во текот на денот, да натапкам со марамче или со малку камена. Кога е потопло ставав друга пудра, оваа ми се топеше дури и кога ставав многу тенок слој.
Здраво женски, ако може да ми препорачате некоја пудра за многу суво лице ама некоја да дава посвеж изглед повеќе glowy да биде нема проблем за цената
Фала ти за предлогот ја имам таа ама џабе и ептен хидратанта крема да ставам не е тоа тоа, на челото и образите пак изгледа лошо
Немам сува кожа ама да погледнеш од пудрите на Лореал, некако ми оставиле впечаток дека се идеални за сува кожа.
Здраво гледам рашувате за препораки за течна пудра. Мене лично две ми се најомилени (согласно ефектот што сакате да го добиете). 1. Др. Хаушка доколку не сакате многу покривна пудра. Има преубав изедначувачки ефект врз кожата. малку е поскапа кошта околу 1200 мкд ама вреди секој денар. 2. Течна пудра 2 во 1 алверде оваа е преубава покривна не ја масти кожата и навистина дава ефект на вистинска пудра. 2 во 1 е пудра со коректор. Цената е околу 400 мкд. овие два производи ми се фаворит. Навистина одлични и како декларација и како ефект.
Дечки, на мака сум За мене најсовршена пудра е Urban Decay Stay Naked. Е, од очигледни причини, не можам да ја купам. Дајте ми предлог... имам нормална до сува кожа, сакам мат пудри, но природен мат, не ултра мат. Дали имате предлог некој од можеби Артдеко? Немам ни една нивна пробано, ако имате некоја на ум кажете Оваа на др. Хаушка исто ми фаќа око, ама каде ја има кај нас и дали има избор на нијанси? Сакам skinlike пудри, нешто секојдневно, што ќе си трае и е ќе личам живо Едит: ја гледав и оваа Superstay на Авон, ја имате пробано?
@CameliaMiller ако мислиш на Powerstay од Авон мислам дека не би била лоша за нормална кожа, за сува да пробаш со добра хидратантна крема. Имаш на инста кај мене целодневно носење можеш да ѕирнеш. Ептен различна нијанса сме иначе радо би ти ја проследила
Revlon colorstay за комбинирана/мрсна кожа. Воопшто не ги истакнува сувите делови, а има мат финиш. Баш како што бараш. Не би ја менувала за никоја.
Јас како поборник за природна козметика и корисник на Хаушка може да ти одговорам за таа пудра. Преубава е, не е многу покривна, таман го изедначува тенот и прикрива евентуални црвенила, ама не ја ни чувствуваш не е како маска. Убава е хидратантна, убаво се впива и ја остава кожата негувана што е најважно. Ете јас ти ја препорачувам таа. Кошта малку повеќе ама вреди секој денар. Кај мене на блог има рецензија за истата. Има повеќе нијанси и мислам дека во повеќе аптеки има и тестери за да видиш што најмногу ќе ти одговара. Поздрав