Те молам сподели линк Цената не е проблем, посебно за Хаушка, вечен фан сум на дневната крема од роза Која нијанса ја имаш? Јас Nude мислев да ја порачам.
@CameliaMiller Хаушка е супер, јас имам мрсна кожа само морав да ја сетирам со пудра во прав за да не светам. Поготово со пудрата во прав од Хаушка стои прекрасно на лице. Ти со сува кожа , повеќе ќе ти одговара. Јас ја користев нијансата 01. Ако можеш да си најдеш тестер по аптекиве супер, зошто нијансите се мааалку темни ако си доста светла
Дали може да ми предложите пудра за кожа склона кон акни, да е мат и со попристојна цена до 700 денари
Дали е убаво стои catrice hd, да не е многу тешка покрајтоа што е многу покривна, некој искуство? Која е подобра catrice hd ili max factor 3in1?
Јас ги имам пробано на макс фактор фејсфинити и таа 3 во 1 и ниту една не ми се допадна. Како маска ми стоеја, многу лошо. Можеби е до мојата кожа, не знам. А Катрис ми е супер, можам да нанесам многу малку за поприроден изглед бидејќи е доста течна, а понекогаш и ја мешам со кремата, а можам да добијам и баш фул покривност. Не е воопшто тешка, само треба да ти е хидрирано лицето.
Здраво на сите.Може ли да ми предложите течна пудра за комбинирана кожа до 500 денари со можност да има некој полу-мат финиш и добра покривност? Претходно ја користев catrice hd но не сум многу задоволна,имам светол тен и не ми беа погодени нијансите немат многу избор.
@Biodevojka драга дали може да ми препорачаш некоја пудра до 800 денари, за сува и чуствителна кожа? Фала
На попуст ако ја најдеш L'oreal infallible 24h matte таа е преубава, а без попуст е 600+ денари. Јас овој пат не ја најдов на попуст и ја зедов Fit me од Maybelline, мислам дека е исто така добра, со поприфатлива цена.
Trend it up-matte beauty perfection. Најсветла нијанса 07, јас сум многу бела, погодена ми е. Околу 400 денари во ДМ.
Драга до таа цена може на алверде да ги пробаш пудрите особено онаа серум пудра два во еден вртена е во проѕирно шишенце или евентуално на марката Санте да видиш некогаш имаат попуст (карши Центар бар кај Рекорд се продаваат во продавницата на Логона). Евентуално тие две. Хаушка е доста поскапа, а други природни барем сега за сега нема. Поздрав.
Ја нема уште колку што знам. Надвор од Македонија е околу 7-8 евра значи и кај нас ќе биде нешто под 500 ден.
Дали некој користел Bioderma Sebium Global Cover, да сподели искуство во однос на тонираниот крем дали одговара на секаков тен на кожа ?