Колку нијанси има од пудрата на др. Хаушка, од аптеката каде што сакам да нарачам онлајн има само две нијанси, толку се само или тоа им е останало само. Има само 1 и 2 нијанса, имам средно темен тен, не сум толку бела, таман да ја порачам се предомислив прво да прашам како им се нијансите да не ги утнам, може ли совет од некој кој ја користи? Благодарам
@anggell мислам има 5 нијанси , јас првата нијнса (01 macadamia) сум ја купувала, општо нијансите им се темнички и најсветлава мене малку темна ми е , а јас сум прилично светла ( од најзборениве пудри н форумов ги имам користено Estee lauder 1n1 , Bourjois 123 perfect 51 ) чисто да споредиш каква нијанса користам. Не е страшно ако земеш по светла нијанса ( можеш да го затемниш лицето со бронзер ) Ако можеш тестер да најдеш барем од првата нијанса , супер би било @Biodevojka има рецензија на нрјзиниот блог од пудрата
Не сум сигурна дали е до пудрите, нанесувањето или само моето лице, ама откако ќе ја нанесам пудрата, после 3-4 часа ми изгледа како да ми е не истапкана, распукана, собрана кај брадата, устата... Не знам колку сум јасна, утре ќе постирам слика зошто сигурно ќе се случи истото. Ги користам Revlon Colorstay, Deborah таа мат што е, и Loreal True Match - кога како. Со сите три ми се случува истото. Знаете ли што би можела да сменам па да пробам да видам дали ќе се подобри ситуацијата? Ги нанесувам со четка за пудра.
Женски кажете од каде може да купам осветлувач за пудра за неколку нијанси. Барав во ДМ немаше. Кој знае нека пише и слика ако има нека прикачи.
Уфф ич не сакам сунѓерче, многу од пудрата останува на него а јас имам лице со акни и ми треба баш убаво да ми се покријат порано само така нанесував ама приметив дека многу губам од пудрата
Последните месеци омилени ми се Bourjois Healthy mix и Trend it up sheer nude лесни а одлични пудри !
Предлог пудра на жолта основа? Лесна, како ББ крем ама покривна. Последнава што ја земав, по четириесетина минути од нанесувањето преминуваше во розевкаста(најверојстно има црвени поттонови, незнам). Имам сува на образите, а масна т-зона. Со кафеавкаст темен тен. Фала