Немам видено, мислам дека 150 е најсветлата кај нас. Јас таа ја купувам и ми е океј, ама па мислам дека овие се уште посветли од таа.
Здраво дечки, имам нормална (на моменти сува) кожа, немам проблем со акни, црвенило, имам потемен тен и изразени темни кругови под очите, би сакала да ми препорачате некоја пудра за секој ден, да не изгледа лицето како зацементирано и да трае подолго, цена до 800 денари некаде.
Ревлон Колорстеј за нормална до сува кожа, или како поефтина варијанта Авон Power Stay, скоро ја земав и ме изненади пријатно, мат е, ама природен мат, не е како маска лицето Јас кога уште не се разбирав ја купив, и дефинитивно е за комбинирана, но повеќе масна кожа. Ептен е мат, на моето лице ужасно изгледаше. Затоа на другарки со мрсна кожа одлична е и трајна. Јас имам комбинирана до сува кожа, освен нос, се' е друго суво
Може ли да ми препорачате течна пудра, полесна, не мора да биде со голема покривност. Само да не го суши многу лицето
Ја користам wet&wild,подолго време,но сакам да сменам,имам масна кожа,но сега дали ради времево како по сува ми е,може да земам пудра за сува кожа? Некоја покривна?
Да не знаете некоја блогерка што би прикажувала пудри за сува кожа како личат? Би сакала да видам на некој со слична кожа ко мојата како би му стоеле течните пудри, најрелевантно би било тоа. Повеќето што ги знам добри пудри не одговараат за мојава кожа... Може и да ми препорачате некоја пудра за сува кожа, само со нормални цени да е. Healthy mix некако е премногу за мојот студентски буџет.
Пред некој ден пишував за оваа во темата Омилени продукти на месецот, ептен ми се погоди. Покривноста е иста како Хелти микс а цената и е 300 денари. Ако не ти треба голема покривност, мислам дека би ти одговарала многу за сува кожа затоа што е доста хидратантна,баш како крема е. Јас имам комбинирана кожа со одредени суви делови и мрсна Т-зона и морам да ја сетирам со камена затоа што дава сјај ама одлична ми е. Долго време ми требаше да најдам вакво нешто што нема да ми ги истакнува сувите делови.
Разгледај го блогот на девојкава, има совети за пудри и препаративна козметика за сува кожа. Спојлер: Линк https://lipstickattack.blogspot.com/2015/11/rimmel-puderi.html?m=0
Jelena Vidovic, Hava worldofbeauty и мојата омилена Dreamer S. Ти ги препорачував овие бидејќи користат производи кои се по пристапна цена и ги има кај нас. Последно многу ја исфалија новата на Catrice true skin, таа е под 500 ден.