Да да, навистина е многу слична по текстура. На Фенти е нешто по густа, ама тука се негде. Е сега голем плус е што на Фенти не оксидира, јас ја имам нијансата 120 и не сменила нијанса , а ја имам година и повеќе. Уште не сум ја пробала на Катрис да видам дали навистина оксидира, се надевам дека нема
Катрис е совршена пудра за комбинирана/мрсна кожа, но претерано оксидира. 030 е нијанса идентична на мојот тен, буквално како ништо да не сум ставила на лицето, но за жал пола саат по ставање потемнува и тоа до степен да е ултра очигледно, и се познава точно до каде е нанесена. На крај и ја подарив на другарка на која тоа не и пречеше, јас едноставно не можев да си дозволам да шетам така. А баш штета, една од најдобритe пудри на наш пазар е, и одлична цена има...
Девојки помош. Имам мрсна кожа, обично користам мат пудри или ги фиксирам со камена зошто многу светнувам. Ама во последно време сите пудри ми оксидираат, страшно изгледа, за 3 нијанси разлика или лошо ми "легнуваат" на лице. Некоја покривна, нормална пудра има ли? Од овие што ги имам пробано Estee Lauder double wear, Rimmel mat, Revlon Colour Stay, Deborah 24, Loreal infallible, Flormar, Golden rose...
Уф баш штета, на лице уште ја немам пробано а божем ја земав 005 нијансата, па ќе видам како кај мене ќе биде
Тоа е навистина голем минус затоа што станува две нијанси потемна од твојата боја. Скоро сите пудри оксидираат, но ако си бела стануваш pinky. Добро е, не ја ни земав.
Јас имам мрсна кожа, Catrice воопшто не ми се допаѓа. Светнувам многу брзо. Моментално ја имам Fenty, мене ми е малку тешка, не знам... Некогаш ми легнува убаво - ако немам СПФ, а некогаш некако ми лизга на носот, но супер е. Не светнувам толку брзо и не оксидира.
Најдов една страна за ориентација на нијанси на пудри. Потребно е само да ја вметнете нијансата на пудра која ја користите моментално и спрема таа нијанса ќе пронајдете matches нијанси на други пудри, има и драгстор пудри. Многу ќе ни користи на сите. https://findation.com/
На боржуа 123 перфект која цена се и дали одговараат за со масна т зона и тие шѕо користе ваква пудра што ставте за подлога како прајмер и дали ставате пудра од онаа во прав што е фала ви многу на одговорот
123 е за комбинирано мрсна, подлога не користев така ја нанесував,а за во прав можеш таа од боржуа хелти микс. Цена околу 600 денари на попуст.
Ги гледам сега на шатци таа хрлти микс течна пудра е 600 а оваа другата 123 е 930 ден е сега нијанста незнам дали ќр ја погодам бидејќи имам јас светол тен и се мислам за 52 или 51 и откако ќе ставам пудра сакам да биде мазна и еве кога ќе ставам некои пудри ја користев на фит ми таа за два часа одма се раслакуваше и цела светев сега сакам и со овие две да пробам дали ќе биде таква како што сакам јас да не ми биде ептен размачкана после неколку часа