А која од vichy ја имаш и како ја избра нијансата јас секаде каде што прашав немаа тестери и на крај пак си ја купив revlon
За камена пудра најдобра според мене е на Менхетн. Поубава мислам дека не постои. Одлично покрива, го бади сјајот. Не ти треба многу да ставиш и што е најбитно не изгледаш како зомби после тоа . Можеби е малку скапа, 500 денари ама вреди за секој денар. Јас ја користам веке 2-3 години во нијанса Beige.
Feminki ај да ми дадете совет. Пред некое време мајка ми купи течна пудра на Кетрин Арли. Ама некако не сум баш задоволна. Не ми покрива убаво. Иам масна кожа во Т зоната и сакам некоја пудра што е лесна, добро покрива и не дава сјај. Многу луѓе ми зборат дека за масна кожа идеална била на Импала, па што мислите вие? И ако зиам веќе на Импала да ми помогнете како да ја изберам нијансата. Јас имам светол тен ама не најсветла. На пример за камена пудра користам на Менхетен во нијанса Beige.
Не би ти ја препорачала Импалата во никој случај. Јес да е ефтина (околу 150-160 днари), ама сепак за кратко време пак свети лицето ко сијалица, тешка пудра е не е баш како за на лето, конкретно мене ми се бришеше после 2 саати и мислам дека никогаш повеќе не би ја купила, макар била последна пудра на земјава! Ако веќе си решена за Импалата, тогаш 2ка мислам дека би одговарала на светол тен, ама јас пак си бев како Каспер во фацата, па си купив 2ка и 3ка и ги мешав..шта чеш Инаку, и мојата камена пудра е во иста нијанса, многу сум задоволна, а мислев дека нема да чини - синоќа пудрата ми траеше цела вечер, без светлечки моменти кај мојот нос!
Совршенство од пудра. Таман покрива, ни да се познаваат имперфекции, ни да се глеа паштета мачкано. Плус делува влажно и свежо, не за 2 саата излупена и со рељефи по фаца. Покрај оваа, исто и од Лореал е мнооогу добра пудрава. Со тоа што, јас сепак Менхетнот повеќе го сакам, и покрај разликата во цени (околу 400-500 Менхетн, другава е уберскапа). Одлична е, како и да е.
Ви благодарам. Мишела фала на советот, нема да зиам импала. По препорака на goddess.Of.chaos ќе си зиам на Менхетен. Таман со камената со ја иам од нив мислам дека ке ми биде супер Фала вииии
порано ја имав norma teint 35 sand од Vichy и ептен сум задоволна, покрива све, јас посветла кожа имам па 35 ми беше таман, па зависи од кожата ќе си видиш убаво таму исто ја имам користено aera teint од Vichy и таа е ептен добра тука некаде се ии види во космо аптеките што се, таму би требало да има
Вчера си ја купив 24-часовната до Дебора..и Magical touch од макс фактор.... Пудрите на Лореал и Дебора се незаменливи!
Изгледа само јас ги викам срање пудриве од Менхетен Оваа влажност? Јок за мојата кожа сува (а ми ја препорачаа за сува, како да не овие од Шатце непрофесионалниве продавачки појма немаат, немаат појма дел од нив од козметика) ми направи лишаи суви на лицето. Камената ја добив како поклон во акција со течната пудра и супер е за вечерно искачање да се зацементираш буквално. Откако отидов во Ким и си пазарувам сеа стално таму ми кажаа дека Менхетен и пудри за сува кожа се коњ и козметика за споредба. Менхетен пудри на мој список никад!
Јас имам нормална кожа .. можеби малце е сувка но многу малце.. а имам некои флеки на лицето па сакам да ги покријам .. Која пудра по вас е најдобра , која би ми помогнала?.. и сепак да не е многу скапа и трајна да е Благодарам однапред
^ Се согласувам со роси. Незнам зошто менхетен пудриве се толку популарни. Јас лично немам користено, но од секогаш ми биле некако одбивни и ми изгледале тешки и неквалитетни, незнам зошто, но се водам според интуицијата и не ги купувам па колку и да ги фалат.. Во две парфимерии влегов кога барав пудра и во двете продавачкте одма ми нудат менхетен, акни имаш ти оваа ке ти биде супер, многу девојчиња ја земаат и сите се задоволни може се, сега малку на памет зборам, али сепак, сметам дека менхетен не ги бива за пудра
Верувај не си единствена, и јас не сум задоволна од пудрите на манхетен. Како да мачкам паштета на лицето. Еднаш пробав и никогаш повеќе . Камената ја немам пробано. По искуството со течната пудра немам купено друга пудра од манхетен.
Таа што е за комбинирана кожа е тешка многу,да,затоа ја користам само зимно време,ама сега има една похидратантна е малку од неа во бело е не е во црно а инаку исто за комбинирана и таа не е како паштета,плус многу издржуваат,ти може да си жива вода пудрата нема шанси да мрдне.А оваа што е за сува кожа јас иако имам комбинирана ми одговара,немам нешто многу за криење на лицето па ми одговара.Друг случај што го знам е една моја другарка имаше црвени образи и тоа многу и проба од мојата(за комбинирана)а она има сува кожа и перфектно и одговараше,и дури се чудеше дека не и се познава црвенилото,ни со коректор не можеше да го покрие,а со ова да,не знам мислам дека додека секој не си проба на своја кожа не може да знае.
Може да ми препорачате некоја пудра за мрзна кожа т.е. Т-зона. Носот ми свети како ненормален и покрај камена пудра. До сега ја користев Импала, убаво покрива, ама не е за мојата млада кожа+ свети, ама ефтина е шта чеш, немам своја плата па да си купувам сама. Значи барам мат пудра по можност не многу скапа.
Сестрами користи менхетен мат и е презадоволна , го има истиот проблем како тебе .. лицето и е совршено, буквално гланц го прави ништо не е исе познава
Спојлер Како што ве разбрав, втората пудра е потешка од таа горе и е за комбинирана кожа !? Се двоумам дали да си ја земам оваа првата, ама имам комбинирана накај мрсна кожа, така што ме фаќа страв да не ја утнам работата, башка вашите коментари 50-50 А од камената на Менхетн сум презадоволна, ни С од светење во носот, челото и брадата.
Не знам, многу пудри имам пробано но оваа ми одговара 99 посто. Нормална кожа имам, ептен ми е погодена.
Каква пудра користиш ? и јас имам нормална кожа нo никако да си ја погодам.. но сакам да покрива убаво оти имам некои флекички
Земи си ја оваа ем е похидратантна од црната а е за комбинирана кожа,нема да ја осеќаш како паштета на лицето,а супер е и оваа,полесно се размачкува