Да ми препорачате пудра или бб крема, важно ми е да е лесна структура да изгледа природно на кожата имам доста сува кожа и со добра хидратантна подлога кожата ми ја „јаде“. Ја користев Bourjois Healthy mix пудрата и бб кремата истата, ама забележувам во последно време доста ми ги истакнува несовршеностите на кожата Цената до кај 1000 денари
Мене ми погоди бб кремата на пурито со слуз од полжав. Dewy finish е и убаво ми изгледа на лице, и јас имам сувкаста кожа.
Ако ти е важен составот, можеш да ја пробаш на Dr.Hauschka пудрата, мислам дека сега е плус на попуст, околу 900 и нешто денари во Еурофарм.
Имам доста чувствителна кожа склона кон акни, така да гледам и на составот. Може да ми кажеш која поточно, таа во црно тубенце? Важно ми е да изгледа природно како „втора кожа“ и да не е мат бидејќи имам премногу сува кожа и ми се насобира во линиите
Мат не е во никој случај. Јас имам масна кожа и баш сакав да ми одговара , ја имам користено со пудрата во прав од истиот бренд и само тогаш ок ми беше на лицето. За сува кожа со сигурност е добра.
Ми стана фаворит На почеток е полу мат ама откако ќе легне го има тој природен финиш, а нијансите се на жолто.
Ме засекира сега со ова дека е полу мат како полу мат за сува кожа? Моево лице ептен е суво зимава, дури и лушпички ми паѓаат, мислам дека ако ставам мат пудра кожава ќе ми падне. Нели треба да е похидрирачка?
Стави похидратантна крема под пудрата. Иначе кога се нанесува е полу мат, а после убаво си легнува на лице. Иначе и јас имам сува кожа. @mssuniquee нова е да, 450 ден е
Може да ми предложите пудра со солидна покривност, не мора да е скроз мат, но би сакала да нема тежок мирис, тоа ми смета. И цената да е океј, во случај да не ми се допадне, да не ја жалам. Кожата ми е нормална, но знае и да се постане некогаш мрсна.
И на мрсна стои сетирана со пудра во прав. Задоволна сум лесна а покривна. Ме интересира новиве какви се со центела
Колку е новава пудра на Catrice (True Skin)? Никако да ја начекам во ДМ кај мене да разгледам нијанси, ни цена не ми текнало да видам.