Оваа на Катрис е доста покривна и мнооогу мат. Ти препорачувам да ја пробаш од тестер прво да не ти ја суши кожата, јас на пример иако имам масна кожа пак некако ми е доста сува
Мене искрено таа на Катрис ми е многу подобра. Има природен финиш и ми трае цел ден, само проаѓам со камена многу малку поради маската. Супер покривност има а не се чувствува. Можам да кажам дека ми е омилена. А таа на Лореал не ми е толку покривна, ми оксидираше и ми ги истакнуваше линиите и каде што инаку немав. Не би ја купила пак.
Пудрава е совршенство за ептен мали пари! Прави чуда со мојата мрсна кожа, има средна накај висока покривност и е трајна. Ја зедов од дм за отприлика 300-350 денари, одеше во комплет со бјути блендер како поклон, не знам дали сеуште трае акцијата. И плус имаат избор на нијанси и за оние со ептен блед тен како мојот. Прв пат ми се дешава со течна пудра да ми одговара друга нијанса а тоа да не е најсветлата.
Изминатиов период решив да ја тестирам пудрава бидејќи доста другарки ја користат и се ептен задоволни, лицето им изгледаше буквално преубаво, порцеланско. Од мене со нормална накај сува кожа, огромно НЕ за пудрава. Ваљда е океј за мрсна кожа. Јас полошо нешто немам ставено на лице. Едвај се размачкуваше, изгледаше како ништо да не сум ставила (а баш тоа не е поентата на пудрава), и лицето дополнително ми го исуши, почна да ми се лупи, ужас. По читање на форумов за пудрата на Катрис за сува кожа, т.е решив да ја пробам и ја користев минатава недела, и можам да кажам дека сум ептен задоволна. Предобро се впива, многу добар финиш дава и доста е покривна
Се согласувам. Исто и јас прв пат да ја погодам нијансата и да немам потреба од мешање на две нијанси при шминкање. Имам ладен подтон а не сум многу бледа и 040 топ ми е. Инаку доста трајна е.
Во потрага сум по течна пудра што сакам да биде доволно покривна и за масно лице. Исто така имам многу блед тен. Што би ми препорачале ?
Која од овие три би ја препорачале како најдобра пудра за комбинирана кон мрсна кожа? Инаку немам особена потреба во поглед на покривност па затоа барам некоја со средна покривност.
Само втората ја имам користено пред години. Предности има голема покривност. Негативности многу е агресивна и по некое време користење ми направи чворови на образите. Не би ја препорачала за секојдневна употреба.
Ја има во Дм така? Која цена е? И јас ја имам Макс Фактор ама воопшто не ми одговара. Не знам кој ѓавол ме тераше да ја земам по сто год користење Ревлон.
Ако немаш што да покриеш тогаш подобро земи CC cream bourjois бидејќи има средна покривност и нема потреба да го труеш лицето со тешки пудри. Секако можеш да ја сетираш со камена пудра ако не сакаш cake изглед.
Искрено никоја од овие не би ја препорачала. Сите три ги имам пробано и им дадов максимум шанси, со различни креми и без и секогаш изгледаа лошо.
Arja јас воопшто не сум задоволна од пудрите на МФ. И јас ти ја препорачувам цц кремата на Bourjois 123 perfect да ја пробаш.
Фала ви за сите мислења! Дефинитивно ќе ги земам предвид пред да купам било што. ЦЦ крема не сум користела досега но штом толку ја фалите оваа морам да ја проверам. Фала ви уште еднаш и ви посакувам убав ден!
Пудрата Pretty Natural на Есенц е одлична. Како ја нанесете така ќе остане, јас со прсти ја нанесов денес и не се мрдна воопшто. Повеќе од Катрис ми се допаѓа, а и нијанса си погодив. Ќе ја пробам и со база па ќе пишам мислење.
Јас баш денес ја гледав во ДМ, амо на рака ги пробав 040 и 050 нијансите. Прво ми се виде кремаста, ама по неколку минути мат стана Се мислев да не ми ги истакнува сувите делови. Ќе одам и на дневна светлина да ја пробам. Инаку, добри коментари досега прочитав, а и на јутуб видеата, сите задоволни. Се двоумам помеѓу неа и Катрисот Потребна ми е и покривност.