И јас се зезнав со макс фактор па ја дадов на мајка ми. Лоши. Оваа катрис сестра ми пред недела дена ја зела од дм на акција , ми ја испофали ептен. Следно ќе ја пробам и јас
Јас имам комбинирана кожа и многу ми одговара, инаку да станува мат ама не премногу како таа на Катрис. На Есенс имаш средна покривност, а на Катрис фул. Есенс изгледа како cake изглед,Катрис исто. Е сега вторава оксидира бар една нијанса, без прајмер некако брзо ми спадна дека е малку тешка и густа, а со прајмер фул стоеше. Не знам, секако и до кожата е повеќе. Околу нијансите на Есенц ми е 110 А на Катриц 036
Катрис деф.има поголема нијанса и само на почеток е мат, после убаво легнува и има некој природен финиш. Есенс е повеќе ко бб крема, не е покривна и поголем мат финиш има.
Мене ич не ми одговараше некако на лице, можеби дека е помат. А иначе и двата бренда имаат предобри производи за ич пари. Најдобро е да се проба, на секоја кожа е различно
Има две верзии, even better и even better glow. Втората е за нормална - сува кожа, првата за нормална комбинирана. Ако имаш масна кожа не ти ја препорачувам
Оксидира ли Pretty Natural? И одговара ли за комбинирана кожа? До сега ја користев 123 на Burjois, океј ми беше, не мрда ама некако безживотно ми делуваше лицето, иако ми е комбинирана мислам дека повеќе ќе ми одговара некоја похидрантна пудра. И со бројката да не има некој искуство, која од Pretty би ми одговарала, на Burjois користев 53 од 123 perfect, и 32 од cc кремата.
Оксидира минимално, не се забележува многу. Одговара за комбинирана кожа. 54 ја користев од Боржуа Перфект 123 , 110 на Essence pretty natural. Значи тебе 90ка би ти одговарала, обавезно пробај тестер.
Јас користев 52 од Burjois и сега ја земав 80 од оваа и совршено ми легна. Значи како што ти пиша бубаче и јас мислам дека 90 од оваа би ти одговарала
Дали пред да ја нанесете Bourjois CC Cream Foundation ставате подлога - крема или пример? И која е препорачлива за нормална кожа со Т-зона која светнува во тек на ден, а без голема потреба за покривност Bourjois CC Cream Foundation или Bourjois Healthy Mix BB Cream? Фала.....
Крема секако ставам секогаш , а прајмер ставам ако некаде одам и сакам повеќе да трае шминката. Не ставам секогаш. Цц кремата на Буржуа е супер за нормална-комбинирана кожа , другава е за сува , ќе ти се мрси лицето побрзо зошто таа е наменета за сува кожа
Какви ви се искуствава со овие пудри? Комбинирана кожа со Т зона која светнува по неколку часа. Не ми е потребна голема покривност, да се осеќа лесно на кожата. Која би ја препорачале?
Види мислења имаш поназад на темава, на лупата горе. Последната пудра оксидира многу со нијанси. Членките ја фалат првата.