Трајна е многу, поготово ако нанесеш и пудра камена или во прав цел ден ќе трае види прво пробај ја па кажи како ќе ти се допадне
Јас користам catrice течна пудра и max factor pan stick. Ги комбинирам. Не знам дали смеам така ама многу убаво ми изгледа мат финиш има. Имам комбинирана кожа со многу црнки и суви делови. Оваа комбинација не ги изразува несовршеностите кај мене. Друго нешто што ми било исто добро беше Art Deco коректорот. Но не можам да го најдам никаде.. Ја затворија парфимеријата од каде што го купував.
Ја користам Катрис Тру Скин некаде околу 3 недели. Имам сува кожа, со минимално масна Т зона. Главно поизразена е во топлите денови, сега не толку. Па периодот ептен ми лежи. Дава убав ефект, покрива, а не цементира, не ми светнува во Т зоната, а ја носам на работа цел ден. Единствена мана и е што нема УВ фактор. Ама за цената е топ. За сончевите денови ќе барам некоја со фактор плус или ќе се вратам на Ревлонот.
Ако може некој да ми помогне. Сакам да ја земам на есте пудрата, ама незнам која нијанса. Од буржоа 123 ја користев 52.
Κοја пудра на Есте? Double wear? Јас ја имам кориcτено таа 123 перфект и воедно ја користев од Double wear 1N2 ecru
И 2N1 Desert Beige ќе ти одговара. Јас ја користев и таа нијанса, а и 1N2 Ecru, и двете ми беа супер, а Буржоа користев исто 52. Чисто како совет да си ги провериш и двете П.С. Почекај за попуст уште некој ден, сега за 8-ми март сигурно ќе има
Јас нарачав нешто уште пред Нова Година и никогаш не ми стигна Ми вратија пари баш вчера, демек се изгубила нарачката негде по пат
Ми испорачуваат во Малта. Имав и јас пратка што каснеше,преку Дхл пратија стаса. И други две чекам исто преку Дхл ќе стигне.
Имате страна findation.com, внесувате бренд и нијанса на пудра и коректор која ја користите веќе или сте ја користеле, и ви наоѓа соодветна нијанса од сите други брендови.
Која од овие пудри,е најубава за комбинирана кожа? И со која камена пудра да ја комбинирам? И дсли прават достава од Космо?