Од еден giveaway добив подарок претемна нијанса пудра. Што да и правам? Никој од блиските нема толку темен тен за да му одговара и да ја дадам. Има некоја опција како да ја искористам или осветлам? Бидејќи убаво покрива, ми се допаѓа, само што е темна? Се мислев како бронзер нешто дали има опција да ја користам?
Јас имам купено поевтина светла пудра на Есенс и ја користам само за таа намена бидејќи повеќе пати ми се случило да купам погрешна нијанса. Или пред да ја нанесам пудрата ги мешам на горната страна на дланката или дирекно во шишенцето и потоа шејк шејк шејк.
Потврдувам. И да оксидира, незабележително е. До сега баш супер се покажа. И за цената е стварно топ. Ревлонот ми се отсликуваше секогаш на телефонот. Оваа не. Само на маската, се разбира.
Здраво, дали некој ги има користено течните пудри на Clinique? Поточно, за масна кожа, да има доволна покривност, но да не изгледа како да имаш "брашно на лице" Кој ги има користено, ако сака да сподели искуство
Од Clinique ги имам пробано скоро сите пудри , најдобри за масна кожа ќе ги издвојам овие две За вторава провери , не сум сигурна дали уште ја има во продажба. Ја немам купено оддамна. Првата е одлична , само ако случајно си трудна не ти ја прпеорачувам зошто содржи салицилна киселина (доколку имаш акни с.киселина помага да се исушат).
Барам лесна пудра за сува кожа, но да е потрајна на кожата. Моментално ја користам Катрис тру скин, но премногу ми се забележува дека имам пудра. И цената да биде до 600 ден некаде.
Да ја пробаш Хелти Микс или Афинитонот на Мејбилајн. Гледам горе баш се намалени. И двете ми биле ок, а лесни.