Ани гледам многу се двоумиш околу менхетенот,најубаво ти е да појдеш космо или јуник и да си пробаш,а и продавачките ќе ти помогнат околу изборот. таа за комбинирана кожа е 420 ден и навистина е малку потешка и да речам го цементира лицето,но барем не свети,ама доволно ќе биде сосем малку да нанесеш,ако нанесеш повеќе ќе ја осеќаш тешка.а другите менхетен се околу 520 ден
Многу добро ги прекрива акните и сите недостатоци на лицето, премногу сум задоволна и топло ви ја препорачувам
Jaс ја користам Debby mat solution. За комбинирана кожа е добра, покривна е, лесна. Јас не светам од неа и трае мнооогу. По цела вечер ми трае мене. 365 денари е, не е скапа. Менхетен мат не би ја препорачала за летно време, тешка е. Јас ја користев порано, пудрата е ептен добра (барем мене ми е). Многу е покривна, не свети лицето од неа, но ми пречи што е многу тешка, а и во една парфимерија ми рекоа, не е таа пудра за тебе (17 години имам). Првата пудра е за сува кожа. Ако сакаш полесна пудра на Менхетен за комбинирана кожа може да си ја земеш таа што ја препорача јарец6.
Околу 670 ден е ....а дали покрива мн незнам стварно да не те излажам...јас имам чисто лице и многу ми одговара, трае цела вечер и не се растекува, ниту пак ми свети лицето од неа. Ја има во Ким парфимеријата оди и пробај од тестерче, поздрав
а знае некој за импала пудрата што е во тубичка со пумпица ? јас немам видено таква до сега а имам слушнато дека била убава и покривала ептен
Јас ја користам Seventeen од Тime plus И сум презадоволна.Претходно ја имав Impala и искрено ми се од пудрата.Никогаш повеќе на мое лице
http://www.reviewcentre.com/reviews87646.html Ја немам користено ама кога нешто ми треба често си барам reviews на нет. MsSunshine а кои тоа пудри ги имаш ти користено? Баш ме интересира коментар за секоја одделно. Да знам која да ја купам не за друго..
Читав Сефора reviews, ама сепак сакав и мислење од некоја феминка да чујам. Како и да е убава пудра ми стои.
Мојата ја зедов 650, инаку варира цената 650-670, зависи каде како ќе ја потрефиш. И сепак нема да ја сменам, скапичка е, ама врди богами и во комбинација со камената што ја спомнав...ма багатела!
ме интересира дали добро покрива? потребна ми е така веќе долго време барам никако да ја погодам фала однапред
Да, добро покрива, задоволна сум од таа пудра, само не треба многу да се става, бидејки е густа, малку да се стави на лице е доволно за да покрие.Јас од продавницата на Голден Роуз во Рамстор си ја купувам, сега ја има истата продавница и на рекорд, па и таму може да се најде
Веќе една година пудрата за лице ја заменив само со коректор. Бидејки имам помрсна кожа многу тешко можев да ја пронајдам погодната пудра за моето лице.Ќе нанесев од пудрата и после пола чат цела бев светната како некое улје да сум намачкала преку целото лице тоа ме ужаснуваше, па беше причина да почнам што поретко да користам пудра се додека целосно не ја исфрлив. Започнав да користам коректор и бев презадоволна, го немав истиот проблем како кај пудрата, а и ми беше доволно бидејки во принцип имам чисто лице.Моментално користам коректор на Artdeco Camouflage Cream и коректорот е чудо значи покрива се од акни,па бемки,подочњаци па дури и тетоважи.Многу е малечко, но е многу густ и не се троши брзо.