Да, ваква ми е со пумпица. Првиот пат кога ја отворив ми беше вака ко твоето, заглавена е. Затвори ја и внимателно златното капаче извади го, да остане пумпицата внатре. Пробај, нежно врти го капачето лево десно, ќе се намести.
И јас ја купив. Јас нијанса 1N, мислам дека ќе ми биде ок, ако не, нареден пат 0N ќе пробам. А ја фиксираш или можеби користиш прајмер? Ќе споделам мислење и јас, само да ја пробам.
Ја пробав денес. Има убава, лесна текстура. Нема многу покривност искрено, ама убаво изедначува и баш е лесна, за преку ден е супер. Не се ни осеќа како да имаш пудра на лице. Во врска со издржливост, со оглед на моето супер мрсно лице - not bad. Ми се допаѓа и бидејќи не оксидира и не станува портокалова по некое време.
Која од овие 2 е подобра. Имам масна Т зона и акни кои што сакам да ги покријам. И дали се користат со прајмер и кој би бил најдобар во комбинација со пудрите?
Мора баш од овие две? Јас би ти ја препорачала на Катрис теу скин, прекрива баш добро и е доста трајна кога ја серираш. Мене на Макс фактор ми се сите како паштета, а оваа на Лорал не е толку покривна.
Кога би бирала ептен помеѓу овие две би ја земала таа на Лореал , но да знаеш не е толку покривна и сигурно ќе ти треба пудра камена или во прав за да ти трае повеќе. Другава на М.Фактор е катастрофа ја имам користено.
Да ти кажам , и двете Диор е полесна пудра за преку ден , другата е повеќе покривна и нешто по трајна за подолго носење идеална
Девојки дали знаете која нијанса од пудрата на Dr. Hauschka е најслична на Healthy mix 52/53? Тестери нема за жива глава, на слепо ќе ја земам јас сум прилично бледа но се плашам дека 01 macadamia најсветлата може да е креч бела
Искрено малку се чудни. Мене кога ја купував ми рекоа во аптека дека 01 ќе ми е пресветла и ја земав наредната нијанса. Ама мене па таа ми е темна, бар сега вака бледа. Инаку јас ја користев буржоа 123 52 нијансата
Темни се нијансите општо сите. До сигурност не е креч бела. Јас користам на Буржуа 51/52 и оваа 01 macadamia ми беше темничка малку
Јас оваа ја земав по препорака од @marama , исто имам масна Т зона и ептен ми одговара. Цел ден ја носам на работа и не светам (Со Loreal и Bourjois си светев после 4,5 часа носење). Пробај ја..
@Ano @koritsaki Фала ви девојки, ќе ја земам 01 штом велите дека не е толку светла. Не знам зошто не можам да најдам нити нормални слики на интернет од нијансата, буквално мистерија е пудрава кога ќе ја земам ќе ставам слика во swatches темата.
Здраво девојки, лицето ми е суво но последните месеци имам неколку акни и доста комедони само по образи.. дали некоја има искуство со ова и би можела да ми препорача покривна течна пудра? Исто во двоумење сум дали на деловите кај образите каде што се појавуваат комедони да ставам завршна камена пудра како не би ми се мрсело лицето во тој дел? Исто прочитав дека постојат некомедогени пудри, кои што можеби би ми одговарале меѓутоа никако да пронајдам некоја...