Fenty pro filt’r soft matte види ги нијансите имаат доста со жолт подтон, ама не е нешто многу поевтина од Есте. Revlon Colorstay е поевтина варијанта и Mac, ама малку е тешка и мирисот воопшто не ми се допаѓа, па и не ја користам многу.
Аура pro е супер лесна пудра. Лично ја неам пробано,другарка ја фалеше. Кавер ме ич не ми се свиѓаше, ја имав и ко кал да ставаш на лицето
Cover me ја користам и јас, имам сува кожа и баш убаво ми изгледа на лицето. Многу малку нанесувам јас, бидејќи е тешка ама доволна е ептен мала количина за лицето да изгледа свежо и убаво. Немам проблематично лице, но се гледа дека е доста покривна, можеби е и најпокривната пудра што некогаш сум ја користела. Не би ја прекупила зошто си сакам лесни пудри, но стварно убаво изгледа на лицето, ми се допадна.
Женски,да ми препорачате добра течна пудра за лице,да биде покривна а да не се познава многу се некако денски многу гадно ми изгледаат на лицеимам од римел со плаво капаче,фикс ми,ама не сум задоволна
Првата има полумат/природен финиш, втората природен накај dewy, третата ја памтам како една од полошите пудри кои сум ги користела и ако добро се сеќавам мат финиш има. Според покривност, од најслаба кон најпокривна одат 2,1,3. За цените не се сеќавам точно, но знам дека од најниска кон највисока одат 3,1,2.
Првата е наменета за нормална, сува кожа ајде ептен комбинирана со сетирано лице. Втората за нормална-сува кожа. Третата е најпокривна од сите, и треба во мааала количина да ја нанесеш , со сунѓерче. Ама навистина е покривна и е за масна кожа. Погоре ако прочиташ ја имаат и користено и на сува кожа ама секако треба добра хидратација претходно на кожата најевтини се на Аура и Катрис околу 300-400 ден , а Буржуа е со попуст околу 600 ден
Дали bourjois 123 е добра за нормална до малку сува кожа? Не знам каква пудра да земам па читам тука дека ја фалат.. Инаку сакам полесна, но имам и некои флекички од акни што би било убаво да ми ги покрива.
123 е за комбинирана до мрсна кожа. Доколку сакаш Bourjois тогаш земи ја Healthy mix, таа е за твојот тип на кожа. Средна покривна моќ има, преубаво и здраво изгледа на лицето. Покрива, но не целосно. Доколку имаш флекички на лицето, можеш на тие места да употребиш коректор
Ја зедов по препорака од продавачката ARDDECO liquid camouflage full cover fondation ептен убаво стои на кожата сеа ќе видам понатаму како ќе ми издржи по цел ден.
@koritsaki Видов дека ја употребуваш пудрата Аура Take Care of me , па ме интересира дали можеби по структура и ефект на лицето е слична со Bourjois Healthy mix, со тоа што има средна покривна моќ, а изгледа свежо на лицето и е наменета за комбинирана до сува кожа ? Искуство и мислење за истата ми треба, се мислам дали да ја земам за потопли денови Имај убав ден!
@marta993 сега прв пат ја купувам, не сум ја пробала се уште ќе ја пробам денес или утре па ќе ти кажам Јас имам мрсна кожа , знам дека не е баш за мојот тип кожа ама не преферирам веќе толку мат пудри
Пред некој ден бев во космо хелти мих беше 600,сега е 1000ден. Во ДМ нема бројче што ми треба. Да не знаете некаде да е на попуст зошто искрено за прв пат не ми се даваат толку пари, не знам дали ке ми се свиѓа.