Може ли да ми препорачате некоја пудра ама да биде ептен покривна..пробав катрис,ингрид,тајмс ама ниедна не ми ги покрива флеките
За флеките само коректор, тој камуфлаж на Катрис што е во кутивче е добар. И гледај да биде како твојата нијанса на пудра, никако посветол.
Јас пред да ја нанесам пудрата, на флеките кои ги имам нанесувам прво покривен коректор, нијанса како пудрата и потоа пудра со сунѓерче и задоволна сум од резултатот. Пробај така
Фала ви девојки уште нешто..дали се добри пудрата maybelline fit me и коректорот aura cover me во стикче што е?
@marta993 и некој друг ако го интересира ќе пишам за пудрата на Aura Take care of me. Пудрата е густа, ама лесно се размачкува. Со четка тешко се нанесува, јас со сунѓерче ја нанесувам. Иако нијансите се малку темни , јас сум светла и ја земав првата нијанса 801 , но кога ќе ја размачкам ми е супер ,не ми е темна воопшто. Покривноста е средна и може да се надогради. Не е воопшто тешка пудрата, јас ја сетирам обавезно со пудра , денес ја носев 6 часа и воопшто не светнав, лицето го имаше оној здрав сјај. За секој ден е одлична пудрата. Мене многу ми се допадна, само се надевам дека нема во иднина да оксидира во шишето , кој ја има користено повеќе време нека сподели.
@koritsaki фала за споделеното искуство Ги погледнав и јас нијансите, прилично темни се и малку розеникави. Ја земав Bourjois 23h always fabulous, па наредна ќе ја пробам оваа на Аура
Вчера ја земав од Дм на акција околу 600 ден. Провери дали сеуште трае акцијата Инаку мислам дека е околу 700-800ден не сум сигурна, а ја има во Дм, Еликсир, Космо..
Има ли убав избор на нијанси од Catrice True Skin, конкретно ме интересира за посветол тен, многу тешко си наоѓам
Со здравје да си ја користиш не се розеви, баш напротив барем најсветлава има некој топол подтон. Баш ќе ставам слика наредно кога ќе се нашминкам
Хмм може да се проба нареден пат, ама се надевам нареден пат без маски. Не се пресликува на маската или се пресликува?
Јас дека пудра носам камена над неа па не сум приметила. Ма да јас мислам ќе се пресликува. Општо под маскиве се ми се пресликувало до сега
Покривна е доста, но може да ти се исфрли лицето, има поделени мислења. И оксидира, но колку зависи од подлогата. Пребарај во search-от, има повеќе од 50 мислења за пудрава.