дали нијансите се природни? и дали би одговарала на мојата комбинирана кожа? (мн мрсна на носот, а мн сува на образи)
И јас имам проблеми со мрсењето на носот и пределот околу брадата, челото, па и носот -.- Не светам од оваа пудра, а и не ми се разликува којзнае колку од природниот тен. Значи многу сум бела, да не речам бледа, дури кецот ми е мааалце темен, ама ептен малце, така што ми дава ептен свеж изглед пудрава, не е како маска да дели многу.
бидејќи многу ретко користам пудра и не давам многу пари. Ја користам таа на Импала или Тајм Плус од Севентин. Одлично ми одговараат на лицето а и имаат одлични цени
Сакам да прашам за пудрава... добра е за летно време или не??? и овие се нијансите на пвата слика или на втората???
Се убив од читање и колку повеќе читам се позбунета сум...со оглед на тоа дека повеќето девојки кои ги кажуваат своите искуства се помлади од мене,и таквите пудри се обично за помлада кожа,ме интересира дали некоја знае можеби од искуство на својата мајка сестра итн..да предложи пудра за позрела комбинирана кожа...имав лореал добра беше се додека ќерка ми ја потроши сега сум во потрага по нова и навистина не можам да се одлучам..
Не не не погрда пудра немам користено. Прво ја земав натурал 2 пошо сум бела ама не до толку и викам ај двојката, пудрава темна темнаа, како ѓупка бев и не знам што ме натера ја земав и единицата и таа темна, ова прв пат ми се случило пудра во најсветлата нијанса да е темна и некако го прави вештачки лицето , ич не сум задоволна барем јас Иначе е 30 милилитри.
Оф луѓе ме испобунивте. Пеперутка неколку стр наназад кажа дека била добра пудрава.. Ти ми викаш лоша Која ми ја препорачуваш? Инаку имам комбинирана кожа и од која било пудра носот ми свети. Џабе и камена да ставам не помага. Инаку сега ја користам импала ама мора да ја сменам, не е за мојава млада кожа.
линн каква импала лицето ќе си го уништиш, јас искрено никогаш ја немам пробано ама и не планирам да ризикувам ептен чувствителна кожа имам, ама стварно ти препорачувам да си смениш пудра, поубаво повеќе да платиш и да не се секираш за лицето што ќе ти се деси коа ќе стаиш, мое мислење поздравче
Па не знам јас имам сува кожа може затоа не ми се погоди ама сепак нијансите се катастрофа имам сменето многу пудри и ниедна не била како оваа Најубаво да отидеш во јуник и да прашаш таму што имаат за комбинирана кожа , јас така направив и ми ја препорачаа на Ревлон сега таа ја користам. А овие двете од деби отидоа во канта
Не одговара на секоја кожа исто. Јас сум сеуште задоволна од неа но малку ми е темна и мојата е 102ка. Нареден пат пробувам нијанса посветла а ако ми е и таа темна или светла ќе барам друга Иначе оваа ме заинтересира лесна е? покривна? добра е за во лето Се познава многу на лицето? За каква кожа е? Ај некој што ја користел нека ме просветли Анастасијаки можеби затоа што имаш сува кожа а пудрава е за комбинирана накај мрсна. Си требала да пробаш со другава на Деби. Таа мислам дека е за сува кожа.
Најпрво да ги поздравам сите форумџики...Па да прашам дали некој знае,со каква пудра би добила ефект на сјајно лице,нешто слично на бронзената пудрата Џордани што ја имаше во Оriflame,само да биде наменета за посветол тен.
А што не пробаш со Bourjois Јас немам проблематично лице, али оваа најпогодна ми испадна, иако ифрлав пари на секакви пудри од Макс Фактор до Ревлон. Оваа ептен е лесна али има огромна покриеност! Ко да си туширан на фотошоп, или пак можеш да ја пробаш и др пудра- Детокс, али таа не етолку лесна ко оваа. Е сега, подобро е да ја нанесуваш со сунѓерче- да ја тапкаш бидејќи навлегува во порите
Сакам да ве прашам дали е можно да ми се иритира кожата од камена пудра иако ја нанесувам врз течната??
Може да се иритира и од камена пудра, таа сепак доаѓа во допир со кожата, течната пудра не е бариера. Ако не ти одговара камената и мислиш дека ти е од неа, смени ја веднаш.
Јас имам комбинирана кожа,и ја имам користено,премногу го суши лицето и не му дозволува при гестикулации да делува убаво,
Имам масна т-зона и суви образи која од овие две пудри повеќе би ми одговарало??? И за преку ден и за навечер со камена??