Хахаа фала ти и за овие. Има една во авон сум ја користела многу одамна не беше лоша околу 200 ден е,не знам дали да и дадам шанса или да си купам од оваа на радиант.
Фала бе бубаче, ти да не си ништо не правам јас со лицево , само ти ми одговараш кога ќе прашам било што Уште ако знаеш да ми кажеш каде да ја барам, дм,космо негде ја има?
Ја има во Дм на штандот на Есенц, внимавај со нијансите понеси си некоја стара пудра за да споредиш и полесно да си одбереш нијанса.
Не знам зошто ама сум слушала негативни коментари за пудрата на мејбилајн Фит ми. Доколку немате проблематично лице со флеки, акни и сл. имате топли препораки од мене за истата. Премногу е природна иако е мат не зациментирува туку колку повеќе стои на лице, толку добива природен сјај и изгледа како да немате ништо на лицето а сепак брзпрекорен тен. Само сакам да прашам некој што ги користел овие 2 пудри, која има појака прекривна моќ Фит ми мејбилајн или катрис хд?
Мене ми се скрос различни тие две пудри. Кога имав масна и проблематична кожа, само Катрис ХД ми покриваше се и траеше доста долго. Од друга страна Мејбилинот не ми беше ниту трајна, ниту па кожата ми изгледаше убаво, не знам, едноставно не бев задоволна. Катрисот можев да ја мешам со кремата ако сакам малку сјаен изглед, а можев и да ја надградам за вечерно излегување до фул покривност и да не мрдне. Но сега кога немам проблеми со акни не би ја "загушувала" кожата со неа. Многу повеќе ми се допаѓа тру скин.
Ете на секој различно, јас имам нормална кожа и имам доста чисто лице и многу убаво ми изгледа на кожата, колку повеќе стои се поубава ми е. Од кога ја открив во меѓувреме пробував и други пудри и заклучив дека ниедна не ми осговара толку добро. Инаку прашував за другарка која е попокривна од тие 2 бидејќи сака да купи а има малце проблематично лице, меѓу тие 2 ме праша па затоа.
Предлог пудра шо толку трае на лице како ревлон , така да матира и да стои на фаца само да е полесна? Сите пори и неправилности ми ги истакнува ревлонот на жешково.
Затоа за топлите денови што доаѓаат ќе си купиш полесна пудра или Цц крем, ревлонот е за во зима,а не за во лето.
Не можам сега, накратко имаш CC крем на Боржуа одличен за мрсна кожа и можеш да надоградиш со камена пудра. Потоа имаш Есенц прити натурал одлична лесна пудра. Имаш и голден роуз ејч ди. Во принцип овие се.
@Kjara15 одлична е оваа на Буржуа што ја пишала Бубаче. Да надополнам и тонираната крема на la roche posay е одлична за топливе денови
Јас по твоја препорака ја земав прити натуралс на есенц, препрепрезадоволна сум,значи до сега не ми се погодила ниедна пудра како оваа,едноставно ко да немам шминка на себе. Ти благодарам многу бубаче за најдобрата препорака