Пробај ја Carrice true skin, многу поприродно изгледа од овие две кои ги истакнуваат сувите делови. Ако ја сетираш стои исто 10 часа со сигурност.
И јас би ти кажала првата Многу сум задоволна од оваа пудра , содржи и хијалуронска киселина . Прво бев скептик, но скоро ја купив на попуст во ДМ и не згрешив. Многу е лесна, средна покривност ( може да се надогради ) , долго издржлива, инаку имам комбинирана кожа.
Есенс за сува не. Јас ја користев летото кога ми беше кожата комбинирана со масна Т зона и беше одлична. Како залади, кожата ми е сува и ја користам Буржоа хелти микс.
Дали се уште ја има ова од Орифлејм на Giordani Long wear mineral foundation spf 15 , не можам да ја најдам во последниот каталог?
Некои производи иако ги нема во каталогот, мислам дека може да се нарачаат со старата шифра. Сепак, прашај го претставникот од каде ќе нарачуваш, а може и во нивните канцеларии да ја имаат на залиха.
Предложете течна пудра за комбинирана кожа со темен тен. Да биде со жолти поттонови, а не со црвени ( овие со црвен поттон ми изгледаат како паштета, безразлика од квалитетот и покривноста на пудрата). Да биде со добра покривна моќ. И цената да е околу до 300-400 денари. Можеи од ДМ маркет да биде, но не е морално.
Pretty natural на есенц жолтеникави им се нијансите Bourjois 123 perfect евентуално healthy mix се пожолти ама се над цената Catrice true skin не се сеќавам баш како беа нијансите 4-5 беа само донесени Покривната моќ не е највисока, но е солидна
Трајна е, многу е добра и после 8 часа самостојно носење можеш да ја сетираш со камена пудра и добиваш уште некој саат трајност. Среднопокривна е.