Долго користев Deline течна пудра, но сакам да ја сменам. Не користам премногу шминка, па не сум експерт, па затоа да прашам што би ми препорачале? Да е полесна, не ми треба ништо со преголема тешка покривност, за посуво лице Благодарам однапред
@buba4e89 Ти благодарам многу на одговорот. Баш ќе побарам, а која е инаку цената отприлика, да си знам?
Често е на попуст, инаку стандардна цена и е 900 денари. Исто и Хелти Микс на Боржуа е убава, Ер мат на Боржуа исто така. Пробај си на рака во Космо чисто да видиш која ти се допаѓа повеќе.
Некој со сува кожа да ја користи пудрата на Estee Lauder double wear? Од ладното многу ми се суши лицето и пудрата не ми изгледа ич убаво на лице, за разлика од летоска кога ми беше комбинирана и изгледаше убаво. Како го спремате лицето? Или ништо не помага, да ја чувам за потопло време?
Па пудрава и за сува кожа баш не е. Едно време кога на образите суво ми беше лицето, не изгледаше пудрата воопшто ок на кожата. Тогаш и престанав да ја користам.Единствено да пробаш со по хидратантна крема или некоја хидратантен прајмер.
Јас кога користам мат пудри ставам барем 10тина мин порано хидратантна крема, за да има време да се впие во кожата. Ако ги ставаш одма едно по друго го нема истиот ефект.
Да, приметив сеа последно кога ја ставив. Од ладното многу ми се суши лицето, инаку имам комбинирана кожа и ми стоеше супер. @Elence93 ќе пробам така да зачекам.
Порано користев пудри за масна кожа но сега ми е скрос сменето лицето и ми е повеќе накај суво , ве молам за предлог за добра покривна пудра за проблематично лице -склоно на акни , треба да купам поима немам веке што да пробам .
Јас ја користам. Пудрата е една од најлесните за масна кожа што ги имам користено, течна е, лесно накај средно покривна, може да се надогради. Меѓутоа не е потполно мат, ако ставам крема прв слој, светнувам побрзо. Ако не ставам никаква крема, само тонер, повеќе издржува. Ама СПФ секогаш имам, па релативно брзо светнувам, само не ми е проблем зошто е лесна и пријатна на лице. True skin на Catrice пример е многу покривна за мене, густа и потешко се размачкува, воедно и потешка на лице, ама сепак е убава пудра, повеќе ми издржува на лице иако не е наменета за мрсна кожа мислам (провери сепак).
Фала. Ја земав и пробав меѓутоа чудно ми се размачкува, како да не упива , се познава како да не е размачкано,а ако размачкувам исто како да ја бришам пудрата( ваљда ќе ме сфатиш)
Последниве денови многу ми свети лицето од пудрата, а ја користам 2 год до сега вака не ми се случило иако ставам многу малку течна пудра. Искуства ве молам што да ставам на лице?
@simoncelicius Ти благодарам на одговорот, уште немам купено пудра, ако може да споделиш предлог некој? Јас немам строго или екстремно сува кожа, а и секако не сакам претешка пудра, бидејќи и онака не носам шминка секој ден. Однапред благодарам на одговорот
Моментално ја користам Bourjois Healthy mix - нијанса 51 и ми е малку темна. Сега би сакала да ја пробам Catrice - True skin, но не знам дали повеќе би ми одговарала 020 или 030? Благодарам.