Да. Или и е поминат рокот или едноставно се "расипала". Не треба да се двои така пудрата, значи не е во ред нешто со производот и не треба веќе да се користи.
Моментално користам Буржоа 123 и ми е погодена. Гледам Макс Фактор на попуст се и која одговара на оваа 123, Инфинити или Радиант лифт?
Штом си задоволна од Буржуа, остани си на таа. Макс фактор ми се катастрофа пудри особено за комбинирана мрсна кожа
Буржоа е многу лесна пудра , но ја имам и MaxFactor radiant lift пробано навистина е тешка и покривна и убаво изгледа на лицето ( јас имам комбинирана кожа и ја сетирав ) други пудри од нив немам пробано
Мене искрено ниту една не ми се погодила на Макс фактор не ми се погодила, без разлика каква кожа сум имала периодот. Доколку имаш комбинирана кожа остани си на Боржуа или пробај ја на Катрис тру скин.
Да ти трае подолго пудрата,да не ти спадне после два-три сати. Да го одржува мат лицето кога ќе ставиш пудра ,за да не светнеш ко лампион.
Моја другарка ја користеше и беше задоволна само што ја поскапеа после и престана да ја купува. Убава е,се впива и можеш да ја сетираш со камена пудра. @day Таа од Лореал ја користев порано и убава ми беше, многу одамна беше и не можам точно да се сетам колку беше трајна. За комбинирана ако бараш има подобри од нејзе како на пример: Боржуа Перфект 123, Ревлон КолорСтеј, Есенц прити натурал, Мејкап револушн Define&Conceal..
Девојки дали сте задоволни од Mac face&body пудрата? или да ми препорачате некоја нивна за секој ден, со некоја средна покривност, лесна? Имам комбинирана кожа Јас ја користам на Буржоа Хелти микс ама таа мислам дека е за сува кожа ама ми се свиѓа дека не е мат, ич не сакам мат пудри не ми се ич природни.
Таа ја немам користено од Mac, јас ја користам studio fix fluid. Хелти Микс е за сува, а Перфект 123 е за комбинирана кожа и е полу мат.