Не знам , тогаш купив лакови од таму и ми го дадоа примерокот, леле не знаеш колку сум среќна лицево ми е стакло , преубаво понеделник ќе одам и ќе видам планирам и да ја земам мислам дека не е скапа многу, производиве на голден роуз не се скапи рипам од радост конечно најдов асална пудра
Пудрата на Голден Роуз е некаде околу 300 денари (во Шатци). Не е лоша, ама мене не ми одговара, многу ми свети лицето после кратко време (П.С: имам комбинирана кожа)
од парфемеријата "Диор" во Струмица Би требало да го има и низ другите парфемерии каде што продаваат козметика.
користам севентин, супер е за ценат, ама сакам да сменам малку, да пробам ревлон. кој има искуство со РЕВЛОН нека ми пиши
Дали ја имате користено Џордани Голд од Орифлејм што е за зрела кожа? Јас ја имам користено и супер ми беше, но ме плаши тоа што е за зрела кожа, па да не имам некаква штета подоцна??? Пишете ми ако имате некакво искуство
Јас ја користам од Ревлон пудрата за масна кожа и таа е најдобра од сите што ги имам пробано до сега пудри за лице,...особено споредена со Севентин.....многу подобра
Немам зборови колко е добра пудрата. Прекрива доволно како за во лето не е премногу тешка ниту премногу лесна. Што е најважно навистина остава мат ефект и немам потреба од камена или пудра во прав. Инаку еве слика од неа Спојлер
Немам ја користено, но се мислам дека неколку страни поназад прочитав дека е тешка пудра. Ако е тешка тогаш не ти ја препорачувам за лето. Сепак прочитај неколку страни наназад, има пишувано за пудрите на ревлон.
Таа де таа. Во кафена накај златна паковка што е. За пудра подобро оди во некоја парфимерија, ќе најдеш за истите пари многу подобри пудри, башка то и бојата на своја кожа ќе ја видиш каква е. Повеќе не порачувам пудри од каталог.
Ај јас пак да си прашам за оваа, прашав неколку страни поназад но никој не ми одговори каква е, листав да видам дали има нешто за неа објаснувато но и тоа не најдов Каква пудра е? Лесна, покривна цена
Напиши само Seventeen ќе ти даде повеќе одговори за овие пудри, не можам да видам дали има и за оваа. Ако никој не ти одговорил значи никој нема што да ти каже за неа. На крај краева пиши на google review и готова. http://beautycosmetic.biz/seventeen-sev ... anguage=en http://www.seventeencosmetics.gr/en/col ... elvet.html
Имаат камена што чини околу 400 денари, меѓутоа не би ти користела баш како пудра, повеќе се користи како финиш над течна. Пан тикчето што повеќето го користат како коректор е всушност пудра во стик и чини околу 320 ако не се лажам, но не би ти препорачала да ја користиш на цело лице баш како пудра затоа што е многу мрсно и густо. Совет: ако не ти се брза, собери уште 200-300 денари и купи си прописна течна пудра. А ако не си врзана баш за овој бренд, можеш да си земеш Дебора, околу 600 денари им се течните пудри (многу малку поскапо од планираните финансии), ако не ти е мака разгледај на претходните страни има мнооогу задоволни корисници од нивните производи
Ти благодарам за информацииве, не сум користела од Дебора па ќе пробам....Се надевам добра ќе ми се погоди
Ги читав овие, но сакав и коментари од некоја од феминките. И памтам дека одамна неколку феминки беа пишале дека ја користат/користеле. Затоа и прашав по втор пат
ќе може да ми препорачате некоја пудра до сега ја користев импалата ама сакам да сменам.Импала ми одговара ама не била за мои години барам некоја слична на неа