Обично имам доста мрсна кожа, меѓутоа сега ми е најверојатно нормална/комбинирана можеби. Ревлон/катрис хд некако ми легнуваат неубаво ми нема свежина лицето. Одамна сакам да ја пробам лореал инфалибл у стаклено шише, но не е баш евтина па не знам дали би ми одговарала. Се двоумам меѓу Catrice true skin/Loreal infalible у стаклено шишенце. Ми треба сјај и свежина на лицето, акни немам и немам потреба од некоја огромна покривност.
Јас ја имам True Skin и искрено тешка ми е на кожата, многу е покривна ама не е тоа тоа, малку се собира после некое време, како да ми ја остарува кожата, а соодветно ми е третирана претходно. Имам масна кожа, сега нормална зимно време.
Јас би ти препорачала на Bourjois 123 perfect CC кремата да ја пробаш. Со цена тука е негде со Лореал често на попуст се наоѓа, не е мн покривна , баш е таман за комбинирана, нормална кожа
Од сите овие што се на сликата ја имам користено на Artdeco-најскапата од сликава и е најлоша. Полоша пуда не сум купила, еднаш и толку и беше, џабе илјадарката што ја дадов... За 600-700 денари имаш Loreal топ пудри или Bourjois ..
Bourjous healthy mix ја имаш пробано? Многу убава свежина и хидратација дава на лицето, многу природно изгледа.
Па да, за нормална и посува кожа е одлична. Разгледај ривјус, сум читала дека и на некои девојки и со помрсна и комбинирана кожа им одговарала. Баш како што бараш пудрата е.
Исти нијанси користиме. Еве ги моите две пудри за споредба. Vanilla ја земав јас зошто посветла во дм не успеав да најдам (никогаш не успевам ниедна светла пудра да најдам таму ), а сакав light vanilla. Сакав посветла искрено, но и оваа убаво ми легна на кожата и ми се погоди нијансата зошто светла е кога ќе ја нанесам на кожа иако се мислев да не ми биде темна. Најубаво таму да разгледаш која би ти одговарала повеќе. И на интернет види swatches.
А, некој предлог ако може? Едит, пудра користам една на Авон долго време. Супер погодена ми е нијанса и се, АМА на Т зоната и аглите на устата ми прави како прав, ептен суво, значи не знам од што. Ептен лошо изгледа.
На нормална -сува кожа 100% одговара јас еднаш ја земав за мене , убаво изгледаше на кожата но потоа се "стопи" иако претходно беше сетирана, најмногу 3 часа издржува на мрсна кожа. А тебе ќе ти одговара, пробај ја или оваа или таа Цц кремата што ти ја препорачав, има и тестери во ДМ
А пудрата 123 мила дали е таква каква што барам? Лесна, да хидрира, да дава свежина и средна покривност. Зашо имам читано дека цц креми се за повозразна кожа.
Не не, нема врска зависи од состојките а во оваа цц крема нема анти ејџ состојки. Цц кремите се нешто попокривни од бб кремите, тоа е разликата. А пудрата од 123 перфект линијата е покривна со брашнаст финиш, нема да ѕи се допадне, за помрсна кожа е
Да ми каже некој дали има искуства со течните пудри на Topface или Голден Роуз,дали има користено,дали се добри?
Од Голден роуз имам користено и ми беа онака...колку пари толку музика. Longstay matte ми беше добра кога имав комбинирана/мрсна кожа.