Да само 3 нијанси се донесени, јас ја земав Light- Medium на рака ми беше потемна, но најсветлата не ми одговараше ептен светла дури бела. Така да ќе видам како ќе биде на лице. Цената е 1.136 ден
Дечки,имам едно прашање, Купив нова течна пудра од Топфејс со мат ефект.На паковката има упатство да се протреси пред употреба,ама јас не ја протресив,и ја отворив штом ја отворив потече малку како вода,а сосема неотворена пудра.Инаку мирисотме пријатен,а вода повторно не потече од неа.Ме измачува прашањето дали ви се случило и вам вакво нешто и дали пудрата е во ред? Фала
Во ред е пудрата, тоа како вода што викаш најверојатно е некое масло кое што е дел од составот на пудрата. Ако е во рок, би требало да е исправна.
Еве ти ја сликнав, нема некој јак подтон (жолт е ) И не би рекла дека е пудра, дефинитвно е како со пишува "Tinted serum " нешто како бб крема тоа е мислење од само едно ставање. Инаку ја земав од Космо Тинекс
Немам искуство со пудри, никогаш не сум била фан на шминкање (додека не почнав сега на 33 год. ) и ко за прв пат ја купив Catrice со пипета, јас сум презадоволна, не е скапа, во ДМ е околу 450 денари, не ја менувам, одлична покривност има, трае и што е најбитно ми го штити лицето и не ми го исфрла и суши дополнително. Инаку и оваа ја купив претходно, разликата им е 20 денари и од оваа сум задоволна, ама онаа со пипета е за нијанса подобра. Еве ја у прилог и втората
И јас порано ја користев на Катриз ликвидот и мислам дека најногу ми одговараше, се додека не почнав да читам рецензии од девојки што лицето им се упропастило од пудрата. И ја оставив. Затоа внимавај ако ја ставаш секој ден.
Ако мислиш за составот, 98% од нашите мислења пишани во темава , пудрите горе долу се со сличен состав