Сакам да земам од Catrice течна пудра со мат финиш, или пак камена да земам.. имам нормална кожа со масна Т-зона. Мислам @buba4e89 имаше пишувано за пудрава, совет?
Јас оваа би ти ја препорачала од Катрис Можеш и камена или во прав да земеш, не е доволна за мрсна кожа само течната пудра
Јас ја користев Катрис HD и не ми одговараше и ја дадов на мајка ми. Таа е густа,покривна. Ама ете лицево не ми сака тешки густи пудри.
Моментално ја користам на Хаушка пудрата, која е слична по состав со оваа? Сакам малку да сменам да не ми се презасити кожата.
Девојки дали некој ја има користено оваа пудра? Активно се борам со акни веќе неколку години и поќе не знам што пудра да купам, сакам некоја медицинска да е покривна и да вреди, какво мислење имате за оваа? Или можи друга да ми предложите
Јас. Добра е, средно покривна. Ама по неколку месеци валјда ми се засити кожава и почнаа нови акни да ми се прават, а сигурна сум дека се од неа пошто ептен после ставање се појавуваа, а тој период ставав пудра еднаш на две три недели. Иначе многу убаво стои на лице алал парите.
Женски, да ми препорачате пудра за мрсна кожа... ја користев Катрис HD ама не ми се допаѓа, а во последно осетив кога ја носам подолго ме печат очите
Во туба, стакло ми го прави лицето. Ја имам користено и таа во шишенце, ама од оваа сум презадоволна.
Јас исто имам сува кожа и ја користам Bourjois Healthy Mix,а за навечер некогаш ставам и камена зошто од оваа може да ти свети лицето по некое време
Искрено не би најмногу поради цената. Има поефтивни и подобри ББ креми и пудри од оваа. Буквално е течна како серум, исто како да имаш ставено ББ крема, позитивно е шо е лесна. Тие што сакаат покривност не е за нив. Мене ми е ок пошто до сега користев само ББ креми.